Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Од утре целосно се отвора мостот на Маркова Река
    Економија

    Од утре целосно се отвора мостот на Маркова Река

    04/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Јавното претпријатие за државни патишта соопшти дека санацијата на мостот на Маркова Река е завршена пред предвидениот рок, поради што од утре, 5 септември 2026 година, мостот повторно ќе биде целосно пуштен во употреба.

    Станува збор за мостот на регионалниот пат Р1106, кој го користат жителите на Кисела Вода, како и граѓаните што секојдневно патуваат кон Драчево, Зелениково, Батинци и околните населени места.

    Во рамки на реконструкцијата беа изведени повеќе градежни зафати за подобрување на безбедноста и функционалноста на мостот. Отстранети беа старите дилатациони фуги, сливници, асфалт и тротоари, по што беше поставена нова бетонска плоча и хидроизолација. Дополнително, мостот доби нов асфалтен слој, нови тротоари со рабници и беше извршена санација на парапетната греда.

    Од ЈПДП информираат дека работите се реализирале со забрзана динамика, прилагодена на летниот период кога интензитетот на сообраќајот е помал, со цел да се намалат застојот и непријатностите за возачите.

    Градежните активности ги изведе компанијата „Синтек Инженеринг“ ДООЕЛ од село Бразда, додека надзорот го вршеше „ЕОС Е.Е.“ ДОО Скопје. Вредноста на проектот изнесува 4.619.800 денари без ДДВ, а средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

    Од претпријатието посочуваат дека континуирано се грижат за одржувањето и безбедноста на повеќе од 1.100 мостови на државната патна мрежа, со цел обезбедување сигурен и безбеден сообраќај за сите учесници.

    Поврзани вести:

    Од полноќ пониски цени на горивата, бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари

    Од полноќ пониски цени на горивата, бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари

    РКЕ денеска ги соопштува новите цени на горивата во Македонија

    РКЕ денеска ги соопштува новите цени на горивата во Македонија

    Постари луѓе од Ресен, Прилеп и Охрид на трошок на Народна банка со автобус ќе одат по пензии во Битола

    Постари луѓе од Ресен, Прилеп и Охрид на трошок на Народна банка со автобус ќе одат по пензии во Битола

    Од декември построги правила за кредити: Намалени лимити за задолжување и пократки рокови за отплата

    Од декември построги правила за кредити: Намалени лимити за задолжување и пократки рокови за отплата

    Народната банка: Исплатата во АЛТА банка тече непречено, приоритет имаат пензионерите

    Народната банка: Исплатата во АЛТА банка тече непречено, приоритет имаат пензионерите

    Елена Лука најавува голема инвестиција во Берово: Три згради, 122 станови и деловен простор

    Елена Лука најавува голема инвестиција во Берово: Три згради, 122 станови и деловен простор

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Од полноќ пониски цени на горивата, бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари

    09/11/2026

    РКЕ денеска ги соопштува новите цени на горивата во Македонија

    09/11/2026

    Постари луѓе од Ресен, Прилеп и Охрид на трошок на Народна банка со автобус ќе одат по пензии во Битола

    06/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.