Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,50 ден/лит, и ќе чинат 82,00 ден/лит, односно 84,00 ден/лит, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит, и со тоа ќе се продава за 95,50 ден/лит.
Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,5 денари за литар и ќе биде 96,5 денари. Со одлуката на РКЕ за 2,084 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 49,227 денари.
Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика цените на нафтените деривати се намалуваат во просек за 2,73 проценти, во однос на претходната одлука од 6 април.
До крајот на месецов важи попустот на ОКТА, па најголем дел од бензинските станици низ државава дизелот го продаваат 3 денари под максималната цена, а бензините за 2 денари поевтино.
