На државните патишта во Македонија од денес почна летниот времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
„Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта“, информира МВР.
Летниот режим на сообраќај ќе трае до 31 август.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
