Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Нови градинки, училишта и улици: Голем инвестициски бран во Гази Баба најави Бобан Стефковски
    Скопје

    Нови градинки, училишта и улици: Голем инвестициски бран во Гази Баба најави Бобан Стефковски

    22/06/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Општина Гази Баба најавува интензивно работно лето со реализација на повеќе од 60 инфраструктурни и развојни проекти, насочени кон подобрување на условите за живот на жителите.

    Градоначалникот Бобан Стефковски соопшти дека во наредните денови ќе биде пуштена во употреба новата детска градинка „Кокиче“ во Трубарево, додека со засилено темпо продолжува изградбата на нови градинки во Инџиково, на локацијата меѓу Маџари и Ќерамидница и во Сингелиќ.

    Во комуналната инфраструктура се предвидени повеќе значајни зафати, меѓу кои изградба на фекална канализација во Идризово, Јурумлери, населбата Гоце Делчев и Чукур Маало, како и реализација на канали за одводнување во Стајковци и Сингелиќ.

    Продолжуваат и инвестициите во образованието преку изградба на новото училиште „Крсте Мисирков“ во Ченто, доградба на ООУ „Крум Тошев“, како и градежно-занаетчиски активности во сите основни училишта на територијата на општината. Општината ќе обезбеди и бесплатни училишни униформи за сите ученици, како и финансиска поддршка од 3.000 денари за секое прваче.

    Во делот на спортот, најавена е изградба на нови спортски сали во Црешево и Железара, со цел подобрување на условите за спорт и рекреација.

    Планирани се и значајни сообраќајни инвестиции, меѓу кои реконструкција и изградба на улиците „519“ во Ќерамидница, „Пехчевска“ во Хиподром и „Жан Жорес“ на потегот од Кино Маџари до надвозникот кон Ченто, како и уредување на повеќе од 20 улици низ целата општина. Во повеќе населени места ќе бидат изградени и нови пешачки патеки.

    За подобрување на водоснабдувањето се предвидени нов бунар во Раштак и нова филтер-станица во Булачани, со што ќе се обезбедат поквалитетни и посигурни услуги за жителите.

    Поврзани вести:

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    Жителите на Центар со свои предлози ќе учествуваат во креирањето на новиот ЛЕАП

    Жителите на Центар со свои предлози ќе учествуваат во креирањето на новиот ЛЕАП

    Во петок нема да работат шалтерите за наплата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје

    Во петок нема да работат шалтерите за наплата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје

    Ѓорѓиевски: Младите мора да имаат вистинско место во креирањето на локалните политики

    Ѓорѓиевски: Младите мора да имаат вистинско место во креирањето на локалните политики

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    22/10/2026

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    22/10/2026

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.