Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Нови археолошки наоди на локалитетот Тумба Маџари стари 8.000 години
    Култура

    Нови археолошки наоди на локалитетот Тумба Маџари стари 8.000 години

    11/08/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp
    Високите летни температури не го намалија ентузијазмот на малата екипа археолози без прекин да ги откриват закопаните тајни на неолитската населба Тумба Маџари во Скопје. Годинава Тумба Маџари на неолитската археологија и подари неколку исклучителни археолошки наоди.
    Уште на самиот почеток на истражувањата се откри еден нов археолошки предмет, веројатно со култна намена, кој претставува симбиоза на тело на животно со тело на жена, со конусен реципиент на грбот (зоо-антропоморфен жртвеник).
    Следен наод, кој уште повеќе ги мотивираше археолозите да истражуваат, и во моментов за нив е загатка, е керамичкиот сад кој на прв поглед потсетува на птица. Но, и во овој предмет, вешто е претставена уште една ликовна симбиоза, овој пат меѓу тело на птица, со лице на човек (веројатно на жена која многу потсетува на изведбата на лицето на познатите керамички скулптури – Големите Мајки).
    Овој сад (откриен во фрагментирана состојба) се издвојува и по разновидните сликани орнаменти, а на предната страна на вратот, нејасно се наѕират контури кои наликуваат на човечко тело. Не помалку вредни се и наодите, како прекрасниот пехар со сликани темни орнаменти, амфора, минијатурни керамички женски фигурини, фрагменти од предмети, познати во археологијата како жртвеници од типот масички, фрагменти од садови за разни секојдневни намени, камени и коскени алатки, накит, и секако нови фрагменти од познатитите керамички скулптури со претстава на Големата Мајка или во археолошката наука именувани уште како и антропоморфни модели на куќи.
    Проектот е дел од Годишната програма за работа на Археолошкиот музеј за 2025, поддржан од Министерството за култура и туризам. Со истражувањата раководеше кустос советник м-р Елена Стојанова Канзурова, археолог.
    Најголемиот дел од стручниот тим го сочинуваат археолозите од Археолошкиот музеј: д-р Перо Синадиновски, м-р Буњамин Џемаиљи, Благоја Китановски, Јовица Ристов, Марија Видеска, архитект, Перо Кованцалиев, конзерватор и Тони Митрев. Како надворешни стручни членови се
    м-р Сашко Василевски, археолог од Кавадарци и Наталија Марчевска, апсолвент по археологија од Битола.
    Во новиот истражуван простор во Тумба Маџари, од околу 110м2 се открија остатоци од архитектура, односно од нова куќа, и во нејзината внатрешност една печка, и уште една структура, која можеби служела за чување на житарици.
    Истражувањата се вршеа во катастарската парцела, сопственост на ЕВН Македонија. Имено компанијата ЕВН Македонија неодамна му ја отстапи на Археолошкиот музеј оваа парцела од 6.198 м2, за долгорочно истражување, која се наоѓа во границите на културното добро – локалитетот Тумба Маџари. Оваа
    година се потпиша и меморандум за соработка меѓу општина Гази Баба и Археолошкиот музеј, со што се официјализира долгогодишната поддршка на оваа општина, на Тумба Маџари.
    Во текот на истражувањата во Тумба Маџари се реализираше проектот Неолитска креативна работилница како и снимање на спот за подигање на свеста кај пошироката јавност за проблемот со отпадоците на археолошките локалитети.

    Поврзани вести:

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    16/10/2026

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    10/10/2026

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    05/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.