Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Новата театарска сезона на скопскиот Драмски театар со поддршка на независната сцена
    Култура

    Новата театарска сезона на скопскиот Драмски театар со поддршка на независната сцена

    24/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Драмски театар Скопје (ДТС) ќе ја почне новата театарска сезона во септември со проектот „Денови на независната продукција“ за поддршка на уметниците од независната сцена.

    ДТС соопшти дека утре на нивната веб-страница и на социјалните мрежи ќе биде објавен Јавен повик за уметниците да аплицираат за термин за изведба на претстава во продукција на независната сцена. Повикот ќе биде отворен до 1 септември 2025.

    -Деновите на претстави од независната продукција ќе се одржат од 9 до 19 септември 2025 година. По направената селекција на апликациите за претставите пристигнати на Јавниот повик, Драмски ќе ги отстапи за гостување сцената „Ристо Стефановски“ и „Малата сцена“ на театарот како и потребната техника, со што овозможува изведба на новите претстави и презентирање на иновативни, автентични и квалитетни театарски проекти, соопшти Драмски театар Скопје.

    Како што наведува во соопштение, со поддршката на независната сцена, „иницира создавање силна мрежа на театарската заедница од различни генерации актери, режисери, драматичари, сценографи, костимографи и мултимедијални уметници“.

    -Проектот „Денови на независнта продукција“ е замислен како платформа за контакти на уметници кои внесуваат свежина, динамика, понекогаш и неконвенционален пристап во процесот на создавање на театарските претстави, што може да води до идни соработки, копродукции и проекти. Публиката на Драмски театар од 9 до 19 септември ќе има можност да ги проследи и поддржи претставите од поновата продукција на независната сцена кои со својата разновидност ќе го збогатат редовниот репертоар на Драмски, информира ДТС.

    Поврзани вести:

    Хрватската ѕвезда Јаков Јозиновиќ за првпат вечерва со концерт во Скопје

    Хрватската ѕвезда Јаков Јозиновиќ за првпат вечерва со концерт во Скопје

    Тони Михајловски награден за најдобар актер, Тања Кочовска првпат со фестивалска награда во Македонија

    Тони Михајловски награден за најдобар актер, Тања Кочовска првпат со фестивалска награда во Македонија

    Универзална не верува додека не види работници: Пак има ветување дека култната сала ќе биде реконструирана

    Универзална не верува додека не види работници: Пак има ветување дека култната сала ќе биде реконструирана

    Отворен конкурсот за стипендија „Фросина Кулакова“ за моден дизајн

    Отворен конкурсот за стипендија „Фросина Кулакова“ за моден дизајн

    Никола Ристановски – најдобар актер на фестивалот во Пожаревац

    Никола Ристановски – најдобар актер на фестивалот во Пожаревац

    Лабораториум со повик за млади артисти – менторство, промоција и хонорар за осум учесници

    Лабораториум со повик за млади артисти – менторство, промоција и хонорар за осум учесници

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Хрватската ѕвезда Јаков Јозиновиќ за првпат вечерва со концерт во Скопје

    09/04/2026

    Тони Михајловски награден за најдобар актер, Тања Кочовска првпат со фестивалска награда во Македонија

    09/04/2026

    Универзална не верува додека не види работници: Пак има ветување дека култната сала ќе биде реконструирана

    08/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.