Франција доби нова влада, но со најголем дел од старите лица, по едномесечните преговори што ги водеше новиот премиер Себастијен Лекорни. Од вкупно 18 министри, дури 13 беа дел од претходниот состав. Нов министер за економија и финансии ќе биде Роланд Лескир, кој ќе се соочи со сериозен предизвик во подготовката на буџетот за 2026 година, што беше и причина за падот на претходната влада. Дека веќе подолгата криза во Франција не е при крај најави и опозицијата истакнувајки дека ќе ја собори и оваа новоформирана влада.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
