Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Нова поскапувачка спирала за храната: Лебот, тестенините, овошјето и млечните производи под најголем притисок
    Економија

    Нова поскапувачка спирала за храната: Лебот, тестенините, овошјето и млечните производи под најголем притисок

    19/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Нов бран поскапувања на храната се очекува во следниот период, а најголем удар може да почувствуваат граѓаните кај основните производи што секојдневно ги купуваат – лебот, тестенините, овошјето, зеленчукот и млечните производи.

    Според најновата анализа на „Оксфорд економикс“, глобалните цени на храната се очекува да пораснат за 11,8 отсто во текот на годинава, а трендот на раст да продолжи и во 2027 година, кога се прогнозира дополнително зголемување од 4,8 отсто.

    Експертите посочуваат дека причините за новиот ценовен притисок се повеќекратни. Екстремните временски услови, високите температури и сушата во Европа веќе оставија последици врз земјоделското производство, додека производителите се соочуваат и со зголемени трошоци за енергија, ѓубрива и обработка на земјиштето.

    Дополнителен фактор се и глобалните кризи и конфликтите, особено војната во Украина и нестабилноста на Блискиот Исток, кои влијаат врз производството, транспортот и снабдувачките синџири.

    Најголем ризик од поскапување има кај пченицата. Според проценките, нејзината цена во третиот квартал од годинава би можела да биде околу 36 отсто повисока во споредба со истиот период минатата година. Овој раст постепено може да се одрази врз цените на лебот, тестенините, бисквитите и житарките за појадок.

    Кај свежите производи, поскапувањето може да се почувствува многу побрзо. Економистите очекуваат повисоки цени на овошјето и зеленчукот уште во текот на октомври и ноември, додека кај преработената храна ефектите најверојатно ќе се почувствуваат подоцна – во периодот од февруари до мај следната година.

    Сепак, прогнозираниот раст од 11,8 отсто се однесува на глобалните цени на земјоделските суровини и не значи дека сите производи во продавниците автоматски ќе поскапат за истиот процент. Конечната цена зависи и од трошоците за производство, транспорт, преработка и трговските маржи.

    Според анализите, месото би требало да биде помалку изложено на новиот ценовен бран, додека најголем ризик за раст на цените има кај житарките, овошјето, зеленчукот и млечните производи.

    Поврзани вести:

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.