По смртното претепување на еден маж од лица од ромската заедница во словенечкото Ново Место, по што цела држава на крена на нозе, синоќа нова драма.
Имено, по завршувањето на вонредната седница на Градскиот совет во Ново Место, на која учествуваа и претставници на Владата кои ги претставија мерките за борба против криминалот по бруталниот убиство во саботата, а која ја следеше голема маса граѓани собрани на плоштадот пред општинската зграда на протестен собир, во ромската населба Жабјак одекнале истрели.
Пукањето во Жабјак се случило нешто пред 20:30 часот, по што веднаш биле испратени специјалци.
Полицијата засега нема информации дека некој е повреден во пукањето.
Да потсетиме: во саботата во Ново Место 21-годишен припадник на ромската заедница претепа до смрт маж пред еден ресторан, по што министрите за внатрешни работи и за правда веднаш поднесоа оставки, кои премиерот Роберт Голоб ги прифати.
Полицијата го уапсила убиецот. Трагичниот настан се случил откако синот го повикал татко му, тврдејќи дека група луѓе му се закануваат и го замолил да дојде да го земе. Таткото веднаш пристигнал и штом излегол од автомобилот, група мажи од ромската заедница го нападнале, нанесувајќи му сериозни повреди на главата.
И покрај брзата лекарска реакција тој починал.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







