Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Магазин»Музика»Нова балада на Владо Јаневски: „Принчипеса“ и подготовка за концерт со Бајага
    Музика

    Нова балада на Владо Јаневски: „Принчипеса“ и подготовка за концерт со Бајага

    03/02/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Нова балада на Владо Јаневски, насловена „Принчипеса“, е веќе достапна на радио „Бубамара“ и на неговиот Јутјуб канал. Јаневски е автор на музиката и текстот, додека аранжманот го направи хрватскиот музичар Никша Братош, редовен соработник на македонскиот кантавтор. Песната е снимена во студиото на Братош во Загреб.

    „Принчипеса“ претставува најавна песна за заедничкиот концерт на Владо Јаневски и Бајага, кој ќе се одржи на 14 февруари во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, во организација на продукцијата Авалон.

    На неодамнешната прес-конференција во Скопје, Јаневски раскажа како започнала неговата соработка со Момчило Бајагиќ – Бајага.

    „Кога го посетив Бајага, имав подготвено само две-три песни и ми беше потребна помош како млад пејач. А кој друг би ми помогнал ако не најголемата ѕвезда? Бајага и јас сме пријатели со години, имаме слична возраст, но тој започна многу порано и веќе имаше искуство. Тој ми дозволи да ја изведам песната ‘Твоите очи’ од Здравко Чолиќ, која ја напиша сам“, рече Владо Јаневски.

    Во 2025 година, Јаневски објави албум за хрватскиот пазар со 16 нови песни, во издание на Менарт.

    „Со текот на времето собирав многу песни на македонски јазик. Бидејќи секогаш ми било лесно да учам нови јазици, решив да ги преведам текстовите на хрватски, да снимам нови верзии и да ги понудам на издавачките куќи“, додаде кантавторот.

    Кликнете на линкот да ја чуете песната:

    Vlado Janevski – PRINČIPESA (lyrics) 2026

     

    Поврзани вести:

    Ирска нема да учествува на Евровизија 2027 поради состојбата во Газа

    Ирска нема да учествува на Евровизија 2027 поради состојбата во Газа

    Со мирис на ајвар, музика и многубројна публика започна „Taste the South“

    Со мирис на ајвар, музика и многубројна публика започна „Taste the South“

    Охрид од 25 до 27 јуни ќе биде центар на виното, музиката и летната забава

    Охрид од 25 до 27 јуни ќе биде центар на виното, музиката и летната забава

    „Драма квин“ нов сингл на Тамара Тодевска – прв од визуелен албум

    „Драма квин“ нов сингл на Тамара Тодевска – прв од визуелен албум

    (Видео) Бугарија победи на Евровизија 2026

    (Видео) Бугарија победи на Евровизија 2026

    „Мизар“ со ексклузивен акустичен концерт во Филхармонија

    „Мизар“ со ексклузивен акустичен концерт во Филхармонија

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Ирска нема да учествува на Евровизија 2027 поради состојбата во Газа

    17/09/2026

    Со мирис на ајвар, музика и многубројна публика започна „Taste the South“

    13/09/2026

    Охрид од 25 до 27 јуни ќе биде центар на виното, музиката и летната забава

    22/06/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.