„Мизар“ со ексклузивен акустичен концерт во Филхармонија ќе настапи утревечер во Скопје, носејќи „best of“ избор од нивниот богат музички опус. Настанот е најавен како поинтимно музичко доживување, со специјални гости и нови аранжмани на дел од композициите. Концертот е дел од одбележувањето на нивната долгогодишна кариера, а публиката ќе има ретка можност да ги слушне во порафиниран, акустичен формат.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

