Под слоганот „Знаењето е моќ”, студенти синоќа се собраа на протест пред седиштето на Универзитетот во центарот на Белград.
Како што порачаа, тие протестираат против колапсот на образовниот систем и универзитетската автономија.
На протестот му претходеа повици за бојкот на наставата на неколку белградски факултети, како што се Правниот, Филозофскиот и Политичкиот
факултет, како знак на солидарност со студентите од Нови Сад.
Студенти ги блокираа државните факултети речиси една година, почнувајќи од декември 2024 година, барајќи утврдување на одговорност за смртта на 16 лица на железничката станица во Нови Сад и распишување вонредни парламентарни избори.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
