Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Нотарите бараат зголемување на тарифите, велат не се сменети одамна
    Економија

    Нотарите бараат зголемување на тарифите, велат не се сменети одамна

    19/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Нотарската комора на Република Северна Македонија (НКРСМ) денеска апелираше до надлежните институции да се изврши ревизија на нотарската тарифа и да се овозможи фер вреднување на трудот на нотарите, предупредувајќи дека тековните надоместоци не ги покриваат реалните трошоци за извршување на нивната работа.

    На средба со новинарите, претседателот на НКРСМ, Методија Ристоски, изјави дека повеќе од 27 години нотарските награди остануваат непроменети или се намалуваат, и покрај континуираниот пораст на трошоците за живот. Како пример, тој ја посочи наградата за заверка на потпис, извод, превод или препис, која и натаму изнесува 100 денари – износ што не ја одразува реалната вредност на трудот.

    -Ние како нотари сме во служба на повеќе државни институции и постапуваме во име на граѓаните без да имаме право ниту на соодветен надомест, ниту на покривање на реалните материјални трошоци. Неминовно е да има измени во дел од тарифата, не на целата, од причина што во континуитет растат сите трошоци за живот, расте инфлацијата, платите на вработените, режиските трошоци, изјави Ристоски.

    Дополнително, нотарите нагласуваат дека во јавноста се создава погрешна перцепција за нивните приходи, бидејќи преку нивните сметки поминуваат средства што припаѓаат на други институции. Тие средства се прикажуваат како бруто-приход, иако не се дел од личната заработка на нотарите.

    -Во континуитет, години наназад, на сите институции кои се движат паралелно со нотаријатот, па и на сите други професии, тарифниците се зголемуваат, а единствено нотарската тарифа се намалува, додаде Ристоски.

    Како дополнителен проблем беше посочен и дисбалансот во бројот на нотари во однос на бројот на жители. Иако е предвидено најмалку еден нотар на 20.000 жители, во некои градови, како Куманово и Скопје, бројот на нотари е двојно до тројно повисок од предвидениот.

    Ристоски презентираше и податоци од регионот кои покажуваат дека Северна Македонија има најниски тарифи за нотарски услуги. Така, заверка на потпис во земјава чини 1,63 евра, додека истата услуга во Албанија чини 18,8 евра, во Хрватска 7 евра, во Србија 2,56 евра, а во Бугарија 5,12 евра.

    Нотарската комора порача дека останува отворена за дијалог со Министерството за правда и со Владата, со цел да се најде решение што ќе го зачува достоинството и одржливоста на нотарската професија, без да се оптовари буџетот на граѓаните.

    Поврзани вести:

    Божиновска: Македонија официјално се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор, отвораме ново поглавје во енергетската сигурност

    Божиновска: Македонија официјално се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор, отвораме ново поглавје во енергетската сигурност

    Неделен преглед на Македонската берза: промет од 54,16 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    Неделен преглед на Македонската берза: промет од 54,16 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    Божиновска: Регионалната поврзаност и инвестициите се клучни за енергетската безбедност

    Божиновска: Регионалната поврзаност и инвестициите се клучни за енергетската безбедност

    Од утре целосно се отвора мостот на Маркова Река

    Од утре целосно се отвора мостот на Маркова Река

    Божиновска во Солун ќе го потпише меморандумот за Вертикалниот гасен коридор

    Божиновска во Солун ќе го потпише меморандумот за Вертикалниот гасен коридор

    Македонската берза речиси без промена: МБИ10 намален за 0,10 поени, најтргувани акциите на Алкалоид

    Македонската берза речиси без промена: МБИ10 намален за 0,10 поени, најтргувани акциите на Алкалоид

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Божиновска: Македонија официјално се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор, отвораме ново поглавје во енергетската сигурност

    06/09/2026

    Неделен преглед на Македонската берза: промет од 54,16 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    06/09/2026

    Божиновска: Регионалната поврзаност и инвестициите се клучни за енергетската безбедност

    05/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.