Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Николоски: Македонските превозници не смеат да бројат часови на границите
    Економија

    Николоски: Македонските превозници не смеат да бројат часови на границите

    16/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на бизнис форумот во Стопанската комора порача дека непречениот проток на стоки е еден од клучните предуслови за економски развој и поголема конкурентност на компаниите.

    Тој истакна дека е неопходно да се отстранат административните и останатите пречки кои предизвикуваат застои на транспортните коридори, како и значително да се намалат времето на чекање и задржувањата на превозниците.

    Осврнувајќи се на европските инфраструктурни проекти, Николоски посочи дека компаниите од Европската Унија се соочуваат со силна конкуренција од фирми од земји надвор од Унијата, при што, според него, значителен дел од големите тендери ги добиваат компании од Кина и Индија.

    Според него, средствата што ги обезбедуваат европските даночни обврзници треба во поголема мера да остануваат во европската економија и преку реализацијата на проектите повторно да се враќаат во стопанството на земјите членки.

    Николоски оцени дека обезбедувањето еднакви услови за конкуренција, заедно со отстранувањето на бариерите во транспортот, се клучни за подобрување на деловната клима и зајакнување на конкурентноста на европската економија.

    „Мислам дека разговараме за апсурд. Во 21 век, со признати либерализации со земја кандидат за членство во Европската Унија која ги почна преговорите, да разговараме дали македонски превозник треба кога ќе се качи во камион да ги брои деновите, часовите и минутите. Ако имаме нелојална конкуренција од една страна, а немаме слободен проток на стока и добра, тогаш нема поента за било што да разговараме. И обратно, ако ги решиме овие два проблема, тогаш можностите се огромни“, изјави Николоски.

    Поврзани вести:

    Од полноќ пониски цени на горивата, бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари

    Од полноќ пониски цени на горивата, бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари

    РКЕ денеска ги соопштува новите цени на горивата во Македонија

    РКЕ денеска ги соопштува новите цени на горивата во Македонија

    Постари луѓе од Ресен, Прилеп и Охрид на трошок на Народна банка со автобус ќе одат по пензии во Битола

    Постари луѓе од Ресен, Прилеп и Охрид на трошок на Народна банка со автобус ќе одат по пензии во Битола

    Од декември построги правила за кредити: Намалени лимити за задолжување и пократки рокови за отплата

    Од декември построги правила за кредити: Намалени лимити за задолжување и пократки рокови за отплата

    Народната банка: Исплатата во АЛТА банка тече непречено, приоритет имаат пензионерите

    Народната банка: Исплатата во АЛТА банка тече непречено, приоритет имаат пензионерите

    Елена Лука најавува голема инвестиција во Берово: Три згради, 122 станови и деловен простор

    Елена Лука најавува голема инвестиција во Берово: Три згради, 122 станови и деловен простор

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Од полноќ пониски цени на горивата, бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари

    09/11/2026

    РКЕ денеска ги соопштува новите цени на горивата во Македонија

    09/11/2026

    Постари луѓе од Ресен, Прилеп и Охрид на трошок на Народна банка со автобус ќе одат по пензии во Битола

    06/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.