Поранешниот француски претседател Никола Саркози од денеска почнува со отслужување на затворската казна, откако беше осуден на пет години затвор за илегално финансирање на својата кампања со пари од Либија. Саркози ќе стане првиот поранешен шеф на членка на ЕУ и прв повоен француски претседател кој завршил зад решетки.
„Не се плашам од затвор. Одам со крената глава”, изјави Саркози, кој денеска беше примен од Емануел Макрон во Елисејската палата.
Инаку, тој Ќе биде сместен во самица заради негова сопствена безбедност, во индивидуална ќелија од околу девет квадратни метри. Нема да има мобилен телефон, но ќе има мал телевизор.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
