„Независни за Карпош“ објавија дека на претстојните локални избори ќе излезат со
граѓанска листа, при тоа објаснувајќи зошто се откажале од идејата за формирање
политичка партија.
„Остануваме на принципот дека самостојното делување ни овозможува да се
прилагодуваме на секојдневните барања и приоритети на граѓаните во нашата општина.
Таа флексибилност, која ја сметаме за клучна за нашата ефикасност, е многу потешко
остварлива во рамки на поголема група или партија, каде процесот на одлучување е
подолг и често ќе бара компромиси на сметка на локалните потреби“, се наведува во
нивната објава на социјалните мрежи.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
