Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»Немало да има грабнување без таа информација – Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски
    Некатегоризирано

    Немало да има грабнување без таа информација – Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски

    25/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Обвинителката Ана Стојковиќ Димитриевска најави жалба на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, кој беше обвинет дека дал информации што довеле до нејзиното киднапирање.

    Таа истакна дека иако немале докази „во форма каква што би посакале“, обвинителството смета дека изјавите на обвинетите се доволни како доказен материјал.

    –Кога станува збор за Александар Ѓорчевски, и покрај тоа што судот не ги образложи своите ставови, за нас е очигледно дека само родителите знаеле дека девојчето тој ден ќе оди само во училиште. Двајца од обвинетите сведочеа дека токму таткото ја споделил таа информација, преку Палевски. Без таа информација, не би дошло до киднапирање. Не можевме да го занемариме тој факт. Обвинителството немаше простор за поинаква одлука. Ќе поднесеме жалба и ќе оставиме Апелација да го каже своето, нагласи таа.

    Во однос на тврдењата дека обвинетите подоцна ги смениле своите изјави за вмешаноста на Ѓорчевски, Димитриевска рече дека не понудиле никакво логично објаснување за промената.

    –Нивните наводи за наводна тортура не се потврдени. Немаше индикации за употреба на сила, а при детална анализа на сите нивни искази, не се утврди ниту едно тврдење дека врз нив било извршено насилство. Според сите критериуми, нивните првични сведочења делуваат како автентични, додаде таа.

    Таа подвлече дека она што сега го изложува се базира на докази:

    –Сведочењата на двајца обвинети се дел од доказниот материјал. Можеби немаме цврсти, непобитни елементи какви што посакувавме, но поединечната и заедничката проценка на доказите нè доведе до јасна одлука.

    Инаку, доживотен затвор им определи судот на обвинетите Велибор Манев, Влатко Кешишев, Боре Видевски и на Љупчо Палевски Палчо за грабнувањето и за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.

    Таткотото на Вања, Александар Ѓорчевски, е ослободен од обвинението. Судските трошоци за него паѓаат на товар на државата.

    Поврзани вести:

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Паника во близина на Минхен: Забележана дива мачка, можно е да е пума

    Паника во близина на Минхен: Забележана дива мачка, можно е да е пума

    Безбедноста на граѓаните приоритет на Општина Гази Баба: Започна одбележувањето на пешачките премини

    Безбедноста на граѓаните приоритет на Општина Гази Баба: Започна одбележувањето на пешачките премини

    Град Скопје и општините им оддадоа признание на просветните работници

    Град Скопје и општините им оддадоа признание на просветните работници

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    13/10/2026

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    13/10/2026

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    12/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.