Најмалку едно лице е повредено во руски напад со дронови врз источниот украински град Славјанск, јави Укринформ, повикувајќи се на локалните власти.
Во синоќешните напади со дронови „Геран-2“ Русите, исто така, нанесоа материјална штета на 15 станбени објекти и два автомобили, напиша на Фејсбук раководителот на градската воена администрација, Вадим Љах.
Повредениот Украинец е хоспитализиран.
Претходно, Укринформ јави дека во руските напади извршени ноќеска биле повредени двајца жители на Доњецката област, во градот Славјанск и во селото Дмитро-Дариевка.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

