Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Најдоцна до почетокот на септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја
    Политика

    Најдоцна до почетокот на септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја

    20/06/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Најдоцна до почетокот на септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја, најави вечерва директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски додавајќи дека тоа ќе се случи пред локaлните избори што ќе бидат најверојатно околу 15 октомври.

    МВР веќе има распишано тендерска постапка за набавка на црвена и жолта боја со која ќе се бележат службените возила, а јавното отворање ќе биде на 25 јуни.

    – На 25 јуни ќе биде јавното отворање на тоа. Се надевам дека ќе имаме фирма која ќе ни ги достави побаруваните бои и ќе добиеме најниска цена и веднаш после завршената постапка ќе донесеме заклучок на Влада односно задолжение за сите државни институции, тука спаѓаат ЈП, општините, државните институции, министерствата, Владата во рок од триесет денови да ги променат таблиците, објасни Томовски.

    Промената на таблиците ќе падне на товар на самите институции. – Некаде околу 1200 денари е промена на таблици со промена на сообраќајна дозвола, но тоа не е некоја голема финансиска штета за државата отколку што може да се заштеди и да излеземе сериозни кон граѓаните, вели тој.

    Државата нема регистар на службени возила, па така од анализата на СОЗР се работи за околу 7000 возила, од кои веројатно илјада ќе се исклучат од безбедносни причини – МВР, АРМ итн. Втората работа што се планира, како што кажа Томовски, е да се објави јавен телефонски број и мејл адреса каде граѓаните ќе можат да пријавуваат злоупотреба. – Не знам какви се законските одредби дали ќе може тие луѓе да се казнуваат, но во најмала рака ќе подлежат на јавна критика и не верувам дека би го повториле тоа дело, рече директорот на СОЗР.

    На истиот принцип како што се прави регистар на службени државни возила, се прави и регистар на државни објекти на што работи вицепремиерот Арбен Фетаи.

    -Целта ни е да ги фузираме овие два регистри и да имаме еден регистар во државата и за имоти и за возила, рече Томовски.

    Томовски исто така рече дека овој Буџет не дозволува набавка на нов владин авион, иако на државата и треба поголем ваков авион. Според него, тоа не е луксуз, туку потреба на една држава.

    Комплексот „Македонско село“, денеска беше повторно отворен, а Томовски нагласува дека тој не е клучен само заради економијата туку има неколку аспекти, како идентитетот на државата. Таму има 12 куќарки кои ја прикажуваат државата на едно место и, вели тој, добиваме нова туристичка дестинација и нови работни места.

    – Овој пат одлучивме да го дадеме под класична закупнина, нема јавно-приватно партнерство. Ние немаме никаква обврска како држава. Му го даваме на концесионерот на 15-годишно владеење. Се она што ќе го инвестира во комплексот, останува во сопственост на државата, но да ја зачува намената. Да нема злоупотреби, рече Томовски.

    Поврзани вести:

    Апасиев поднесе кривична пријава против членови на ДКСК и Комисијата како правно лице

    Апасиев поднесе кривична пријава против членови на ДКСК и Комисијата како правно лице

    СДСМ користи „низок и уличарски речник“ и покажува недостаток на политичка зрелост, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ

    СДСМ користи „низок и уличарски речник“ и покажува недостаток на политичка зрелост, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ

    Мицкоски во Велес на поставување камен-темелник за нова подземна гаража и плоштад

    Мицкоски во Велес на поставување камен-темелник за нова подземна гаража и плоштад

    СДСМ: Изјавите на Мицкоски за криминалот се обид за прикривање на состојбите во државата

    СДСМ: Изјавите на Мицкоски за криминалот се обид за прикривање на состојбите во државата

    Мицкоски сподели видео од Дејвид Гета: Концертот беше вечер во чест на Македонија

    Мицкоски сподели видео од Дејвид Гета: Концертот беше вечер во чест на Македонија

    Брвеница како тест за партиите пред евентуални предвремени парламентарни избори: Кандидатите на 4 најголеми партии на 18 октомври во трка за градоначалник

    Брвеница како тест за партиите пред евентуални предвремени парламентарни избори: Кандидатите на 4 најголеми партии на 18 октомври во трка за градоначалник

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Апасиев поднесе кривична пријава против членови на ДКСК и Комисијата како правно лице

    13/09/2026

    СДСМ користи „низок и уличарски речник“ и покажува недостаток на политичка зрелост, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ

    13/09/2026

    Мицкоски во Велес на поставување камен-темелник за нова подземна гаража и плоштад

    13/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.