Во Кинотека на Македонија вечерва започнува специјалната програма „Најдоброто од Киненова“, која носи внимателно селектиран избор од најдобрите и најнаградуваните филмови прикажани на последните изданија од филмскиот фестивал. Програмата нуди пресек на современиот авторски филм со силен уметнички и општествен ангажман.

Публиката ќе има можност повторно да види остварувања добитници на гран при, како и филмови што отворија важни теми за идентитетот, егзистенцијата и современите општествени трауми. Настанот е и омаж за македонскиот кинематограф Владимир Самоиловски, по што следуваат проекции на македонски и странски филмови што го одбележаа фестивалскиот пејзаж во изминатите години.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
