Девојка се здобила со повреди кога автобус на линијата 23 нагло закочил на семафор. При тоа повеќе од 20 патници биле турнати од задниот кон предниот дел на возилото. Дури и дел од држачите биле откорнати, се наведува во објавата на социјалните мрежи од страна на адвокатот Стефан Дувњак.
Инаку, истиот проблем се повторил и пред еден месец во Автокоманда. Граѓани упатиле апел до Владата и надлежните органи да контролираат кој управува со автобусите, дали возачите имаат соодветно искуство и дали возилата се исправни. Според нив, многу возачи застануваат кога сакаат и каде сакаат, користат мобилен телефон или пушат цигара додека возат и се расправаат со патниците.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
