Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » На шестмина шверцуваниот ботокс им донесе затворски притвор, на четворица куќен
    Хроника

    На шестмина шверцуваниот ботокс им донесе затворски притвор, на четворица куќен

    25/04/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Скопскиот кривичен суд, касно синоќа, одреди затворски притвор за шест лица, куќен притвор за четири и мерки на претпазливост за девет осомничени кои беа упасени во полициската акција поврзана со нелегален увоз и дистрибуција на медицински препарати.

    Од судот информираат дека од вкупно 11 предлози за определување мерка притвор, обвинителството по сослушувањето на осомничените за две лица го преиначило барањето во куќен притвор. Судот прифатил едно од тие барања, додека за второто лице наместо куќен притвор изрекол мерки на претпазливост.
    За преостанатите девет лица за кои бил побаран притвор, судот уважил шест предлози, а за тројца наместо притвор определил куќен притвор.

    Акцијата, која беше спроведена на 23 април од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, под раководство на обвинител од ОЈО ГОКК, опфати повеќе градови – Скопје, Струмица и Битола, каде беа извршени претреси и приведени 14 лица.

    Според истрагата, осомничените делувале како организирани криминални групи кои набавувале и дистрибуирале нелегални медицински препарати – ботокс, филери и други помагала – без одобрение од надлежните институции, без декларации и без контрола.

    Во текот на претресите биле пронајдени и одземени значителни количини медицински средства, 39.285 евра, 2.490 швајцарски франци, 26.000 денари, луксузно возило „Порше“, мобилни телефони, парфеми и други предмети.

    Истрагата покажува дека групите набавувале фалсификувани медицински препарати од Србија, Кореја и Турција, кои нелегално биле внесувани во државата, а потоа складирани, дистрибуирани и користени при естетски зафати, со што, според надлежните, била создадена опасност по здравјето на граѓаните.

    Во предметот е опфатен и царински службеник кој се сомничи дека примил поткуп за да овозможи влез на нелегалната стока без соодветна контрола.

    Постапката продолжува, а обвинителството најавува дополнителни дејствија за целосно расчистување на случајот.

    ботокс притвор шверц
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    МВР води активна истрага за случајот со врсничко насилство во Ѓорче Петров, омбудсманот отвори предмет по своја иницијатива

    28/04/2026

    Во Скопје вчера четири инциденти со малолетници, нови случаи на врсничко насилство

    28/04/2026

    Обвинителството побара максимална затворска казна за Стојанче Јовановски, одбраната ослободување

    28/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.