Претседателот на Собранието, Африм Гаши ја потпиша одлуката за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври.
-Очекувам од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија на Брвеница и од сите органи задолжени за спроведување на оваа одлука, изборниот процес да го спроведат професионално, непристрасно и со целосно почитување на законот и процедурите – напиша на Гаши на својот Фејсбук профил.
Тој ги повика сите кандидати и политички субјекти изборната кампања да ја водат достоинствено, натпреварувајќи се со програми, идеи и визија за развојот на општината, а не говор што потикнува поделби или постапки што ја нарушуваат довербата на граѓаните во демократскиот процес.
Ова одлука следи откако на 23 јуни, годинава почина градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски. Функцијата в.д. градоначалник ја врши Роберт Милошески
