Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Муртезани: Процесот на пристапување кон ЕУ мора да има крај
    Политика

    Муртезани: Процесот на пристапување кон ЕУ мора да има крај

    30/07/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ треба да има крај рече министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска на заедничката пресконференција со министерот за европски прашања и одбрана на Ирска, Томас Бирн, одговарајќи на прашањето до кога македонската Влада ќе чека одговор од Бугарија во однос на заедничка резолуција за македонскиот јазик и идентитет во Европскиот парламент и ставот на Софија и изгласаните декларации во бугарското Собрание.

    Муртезани кажа дека е застапник на идејата дека мора да се градат заеднички позиции како соседи и да се почитуваат копенхашките критериуми, каде што првиот услов се токму добрососедските односи.

    – Јас сум застапник на идејата дека резолуциите или внатрешните политички прилики не треба да се градат против соседите или против некого. Ние мора да градиме заеднички позиции како соседи, бидејќи цело време се повикуваме на копенхашките критериуми, првиот услов согласно копенхашките критериуми се добрососедските односи, и за нас и за Бугарија. Ова што ние го правиме последните неколку месеца, сите посети на министрите за европски прашања, министрите за надворешни работи, е да апелираме на сите тие наши грижи, не да спремаме терен за репреговарање на тоа што е преговарано. Меѓутоа, на некој начин да најдеме начин, како што и министерот Бирн спомна, нашиот процес да има крај, рече Муртезани.

    Бирн, пак одговарајќи на прашањето и какви чекори за дијалог со официјална Софија може да се очекуваат понатаму и какви гаранции може да очекува Македонија од ЕУ во однос на процесот на преговарање со ЕУ, рече дека патот на земјава кон ЕУ е мачен, но додаде дека ќе работи секојдневно за да се олесни процесот.

    – Навистина го ценам фактот дека патот на Македонија кон ЕУ е мачен. Тука бев пред три години по францускиот предлог и договор и сметаме дека тоа треба да се спроведе, така ќе се отвори преговарачкиот процес. Не можам да давам никакви гаранции во животот, освен тоа дека ќе работам секојдневно за да го олеснам вашето пристапување врз основа на заслуги во ЕУ. Така ќе прават и сите други земји членки на ЕУ. И ние цврсто веруваме дека договорот којшто беше направен пред три години кога ќе биде имплементиран од ваша, од македонска страна, со тоа ќе се отвори преговарачкиот процес. Нема друг изговор според мене, така ќе се отворат преговорите мора да се отворат преговорите. Македонскиот јазик е признаен од ЕУ, договорот Фронтекс е составен на македонски јазик. Албанија ќе се приклучи кон ЕУ, така што македонскиот и албанскиот јазик ќе го имаат истиот статус како францускиот и германскиот, исто како мојот ирски, галски јазик можам да зборувам во ЕУ на тој јазик. И кога вие ќе бидете членови на ЕУ немам сомнеж дека ќе можете да зборувате македонски или албански или англиски или француски, рече Бирн.

    Тој истакна дека на таа маса сите го имаат истиот статус, сите можат да зборуваат на мајчин јазик, да ја изразат сопствената култура.

    – Тоа е ветувањето на ЕУ, на земјите како нас им дава можност за подобро да се изразат, да ја изразат својата култура, својот јазик и ние како Ирска и како претседателство ќе работиме кон тоа, договорите да се спроведуваат и да се почитуваат и да се добијат придобивките од нив, рече Бирн.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.