Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк оствари средба со специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс.
Во фокусот на разговорите биле стабилноста и безбедноста во регионот, европската перспектива на Западен Балкан, актуелните предизвици, како и можностите за дополнително зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство.
Муцунски информираше дека на средбата биле разгледани и реформските процеси, јакнењето на демократските институции, владеењето на правото и улогата на НАТО сојузништвото во обезбедувањето на регионалната и евроатлантската безбедност.
„Разговаравме и за економската соработка, конкретните проекти преку партнерството ‘влада со влада’, како и иницијативите од Берлинскиот процес насочени кон поголема регионална поврзаност и економски развој“, посочи Муцунски.
Средбата се одржа во рамки на дипломатските активности на македонската делегација за време на учеството на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
