Британскиот премиер Кир Стармер предупреди дека „јавното здравство не е културолошка војна” и ги повика родителите да проверат дали ги вакцинирале своите деца по појавата на морбили во северен Лондон, каде што заразата се шири низ училиштата.
Во една лондонска општина, од 1 јануари до 9 февруари се потврдени 34 случаи, што е повеќе од една третина од вкупно 96 случаи регистрирани во Англија оваа година.
Британската агенција за безбедност на здравјето предупреди дека голема епидемија на морбили во Лондон, според постоечките модели, би можела да доведе до бројка меѓу 40.000 и 160.000 случаи на зараза.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

