Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»МОН: ОКТА донираше фотоволтаични системи во три државни училишта
    Економија

    МОН: ОКТА донираше фотоволтаични системи во три државни училишта

    16/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во Државното средно училиште со ресурсен центар „Наум Охридски“ во Скопје, со поддршка на компанијата ОКТА, е поставен фотоволтаичен систем кој ќе обезбеди значителни заштеди на финансиски средства во иднина, соопшти Министерството за образование и наука.

    Училиштето денеска го посетила министерката Весна Јаневска која, како што информира МОН, истакнала дека МОН и другите институции и образовни установи „добиваат сè повеќе партнери во заложбите за унапредување на квалитетот на воспитно-образовниот процес“.

    -Убедена сум дека така и треба да биде, затоа што образованието е заедничка општествена одговорност, грижата за иднината на нашите деца е наша заедничка мисија. ОКТА е меѓу партнерите на МОН кои помагаат за унапредување на образовниот систем. Во изминатите неколку месеци инвестираше во фотоволтаични системи во неколку образовни установи, меѓу кои и три државни училишта – „Наум Охридски“ во Скопје, „Искра“ во Штип и „Кочо Рацин“ во Битола. Овие системи ќе обезбедат чиста енергија и заштеда на средства, што ќе може да се пренаменуваат за други важни потреби – за подобрување на инфраструктурата, за набавка на нагледни средства и асистивна технологија, истакнала Јаневска.

    Министерката изразила благодарност до менаџментот на компанијата „за покажаната грижа и висока општествена одговорност“ и ги повикала и другите компании кои имаат можности „да се вклучат во заложбите за обезбедување подобри услови за образование“.

    -Државата вложува рекордни буџетски средства во образованието – оваа година 38 милијарди денари, следната 40 милијарди. Но како земја во развој, овој процес на унапредувањето на образовниот систем мораме да го забрзаме, па затоа секој дополнителен придонес е добредојден. Особено очекуван од бизнис заедницата, рекла министерката.

    Главниот извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос, при заедничката посета со министерката Јаневска на Државното средно училиште со ресурсен центар „Наум Охридски“ во Скопје, посочил дека „поддршката на образованието, на повеќе нивоа, е еден од стратешките столбови на општествено одговорното делување на ОКТА“.

    -Долгорочната програма за стипендирање на талентирани студенти во последните години ја надополнивме со директна поддршка и на образовните институции донирајќи фотоволтаични систем. Особено нѐ радува фактот што не само што придонесуваме кон заштеда на трошоците за енергија, туку и ја промовираме зелената енергија и концептот на одржливост меѓу учениците. Тоа нѐ мотивира и понатаму да продолжиме во истата насока. Ваквите донации на фотоволтаични системи ќе продолжат и во следниот период и ќе вклучат не само образовни туку и други јавни институции со општествено значење, изјавил Пасхос.

    Поврзани вести:

    Николоски во Струмица: Нови инвестиции во патната и комуналната инфраструктура

    Николоски во Струмица: Нови инвестиции во патната и комуналната инфраструктура

    Сиљановска-Давкова со Фон дер Лајен: Македонија заслужува побрз пат кон ЕУ

    Сиљановска-Давкова со Фон дер Лајен: Македонија заслужува побрз пат кон ЕУ

    Потпишан договор за надзор на изградбата на автопатот Кичево – Букојчани

    Потпишан договор за надзор на изградбата на автопатот Кичево – Букојчани

    Македонија меѓу европските лидери по раст на воздушниот сообраќај, скопскиот аеродром со скок од 34,8 отсто

    Македонија меѓу европските лидери по раст на воздушниот сообраќај, скопскиот аеродром со скок од 34,8 отсто

    46 милиони евра за нова енергија: Ќе се модернизираат шест хидроелектрани во Македонија

    46 милиони евра за нова енергија: Ќе се модернизираат шест хидроелектрани во Македонија

    Министерството за енергетика најтранспарентно во 2026 година

    Министерството за енергетика најтранспарентно во 2026 година

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    весна јаневска окта фотоволтаици
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Николоски во Струмица: Нови инвестиции во патната и комуналната инфраструктура

    03/10/2026

    „Бела ноќ“ во Скопје: Бесплатен превоз и влез во Зоолошката градина, најави Ѓорѓиевски

    02/10/2026

    Сиљановска-Давкова со Фон дер Лајен: Македонија заслужува побрз пат кон ЕУ

    02/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.