Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Младеновска: Изјавата на Клековски е признание за задоцнета институционална реакција
    Политика

    Младеновска: Изјавата на Клековски е признание за задоцнета институционална реакција

    26/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Социјалдемократскиот сојуз на Македонија побара оставка од министерот за здравство Сашо Клековски, откако, според партијата, неговата изјава дека „црвените светла“ во Гостивар се запалиле предоцна претставува признание дека институциите не реагирале навреме.

    На прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Младеновска, оцени дека ваквата изјава ја потврдува одговорноста на институциите за состојбата во Гостивар, каде што, како што наведе, повеќе од четири илјади граѓани побарале лекарска помош.

    Од СДСМ тврдат дека жителите на Гостивар со денови користеле загадена вода, а надлежните институции не презеле навремени мерки за спречување на последиците.

    Партијата го отвори и прашањето за квалитетот на водата во Болницата за белодробни заболувања во Лешок. Според нив, анализите биле изработени од Центарот за јавно здравје – Тетово во рамки на Националната годишна програма и доставени до Министерството за здравство и до Агенцијата за храна и ветеринарство.

    Од СДСМ бараат одговор дали надлежните институции постапиле по добиените резултати, дали пациентите и медицинскиот персонал биле навреме известени и дали биле преземени соодветни мерки за нивна заштита.

    Партијата смета дека изјавите на министерот Клековски не ја намалуваат институционалната одговорност и бара целосно расчистување на случајот. Покрај оставка од министерот за здравство Сашо Клековски, СДСМ побара и оставки од директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Андоновска, и директорот на Институтот за јавно здравје, Александар Миланов.

    Воедно, од партијата повикаа на итни контроли и дополнителни анализи на квалитетот на водата за пиење на територијата на целата држава.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.