Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Митева: Владата на ВМРО-ДПМНЕ е доследна на принципот на владеење на правото и неселективна правда, така ќе е и со Кочани
    Политика

    Митева: Владата на ВМРО-ДПМНЕ е доследна на принципот на владеење на правото и неселективна правда, така ќе е и со Кочани

    09/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Марија Митева, портпаролка на Владата и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во централниот Дневник на Сител телевизија. Митева изјави дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како и самата политичка партија, останува доследна на принципот на владеење на правото и неселективната правда. Таа се осврна и на нов голем проект во соработка со ЕУ, кој предвидува реконструкција на објекти, изградба на нови простори за младите и општ развој на општина Кочани, а за деталите кажа дека ќе бидат достапни на јавноста откако ќе се финализираат сите аспекти.

    -Не ја гледам поентата и логиката во тоа досега да се штити некој, па отсега не. Клучното прашање кога зборуваме за правда е, не е кој е, чиј е. Туку што направил. И кога зборуваме за неселективна правда зборуваме токму за тоа. ВМРО-ДПМНЕ е голема политичка партија со навистина огромен број на членови и јасно и гласно потенцирано од страна на апсолутно целокупното раководство дека преземањето на власта не значи раководење со моќта туку значи служење. И дека значи почитување на владеењето на правото и почитувањето на законот, вели Митева.

    Митева објасни дека секој оној кој постапил спротивно на принципите и го прекршил законот треба да одговара, според неа, тоа е реториката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште од самиот почеток.

    Тоа било наша принцип и наша реторика уште од самиот почеток. Истрагата за само 5 дена имаше кривична пријава од МВР. Истрагата е веќе околу 90 дена скоро е завршена со можност за проширување. Ниту цениме дека некој кој што погрешил особено во оваа трагедија треба да биде амнестиран, ниту па имаме намера тоа да го правиме. Секој оној кој што навистина се огрешил ценам дека треба да биде изнесен пред лицето на правдата, рече Митева.

    Митева се осврна и на проект кој што е во соработка со ЕУ, и ќе претставува една навистина голема трансформација за Кочани.

    -Во однос на деталите јас ќе оставам малку простор да се финализираат, затоа што се уште се во тек. Но, можам да ви кажам дека е навистина една голема инвестиција која што ќе значи реконструкција на многу објекти, изградба на нови, правење на нови простори за младите. Нешто што ќе остане не само за овие генерации туку и за идните да дадеме еден друг импулс еден друг стимул кој што за Кочани навистина му е потребен, заклучи Митева.

    Поврзани вести:

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    „12:05“ со тешки обвинувања: Што било договорено на средбата Муцунски – Чамова?

    „12:05“ со тешки обвинувања: Што било договорено на средбата Муцунски – Чамова?

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    14/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.