Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Мирен протест пред грчкиот Парламент во пресрет на гласањето на буџетот за 2026 година
    Свет

    Мирен протест пред грчкиот Парламент во пресрет на гласањето на буџетот за 2026 година

    16/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Мирен протест, но со мал одзив од граѓаните, се одржа пред грчкиот Парламент во рамките на 24-часовниот штрајк на синдикатот на вработените во државниот сектор поради гласањето на буџетот за 2026 година, што вечерва се очекува да биде изгласан од пратениците, јави дописничката на МИА од Атина. Од синдикатот сметаат дека новиот буџет е „антиграѓански и носи дополнителни даночни оптоварувања за работниците“, што воедно беа и пораките што ги упатија на протестот.

    На протестот учествуваа и пензионерите, кои порачаа дека „цените се до небо, а пензиите на дно“. Одвоен протест пред влезот на Парламентот одржаа и градоначалниците од цела Грција, организирани од Централната унија на општините, кои бараат повеќе пари за општините, за како што велат, општините да станат посилни и поблиску до граѓаните.
    Градоначалниците ги посети претседателот на Парламентот Никитас Какламанс, кој ја прими и делегацијата од нивната унија. Во денешниот 24-часовен штрајк, освен државните службеници и општините, учествуваат и вработените во локалната самоуправа, организирани од нивниот синдикат, како и синдикатите на наставниците и професорите од основните и средните училишта, синдикатот на здравствените работници од државните болници итн.

    Попладнево, протест исто така пред грчкиот Парламент ќе одржи и синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија. Вечерва во Парламент ќе биде гласањето на државниот буџет за 2026 година, кое традиционално во Грција се смета како глас за доверба на актуелната Влада.

    Во петокот започна петдневната расправа за буџетот што се очекува да биде изгласан само пратениците од владејачката Нова демократија, кои имаат мнозинство во Парламентот.

    Кусо пред гласањето, говори ќе имаат лидерите на партиите и на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

    Поврзани вести:

    Трамп не брза со напад врз Иран: Одлуката ќе падне по Нова година

    Трамп не брза со напад врз Иран: Одлуката ќе падне по Нова година

    Трагедија во Солун: 21-годишник почина по пад од Белата кула

    Трагедија во Солун: 21-годишник почина по пад од Белата кула

    Заврши историската средба Трамп–Путин–Си, разговорите траеле подолго од планираното

    Заврши историската средба Трамп–Путин–Си, разговорите траеле подолго од планираното

    Стотици мажи протестираа во Швајцарија: Не смееме да молчиме за насилството врз жените

    Стотици мажи протестираа во Швајцарија: Не смееме да молчиме за насилството врз жените

    Макрон по 10 години во политиката: Дадов сè од себе за Франција, но имаше и грешки

    Макрон по 10 години во политиката: Дадов сè од себе за Франција, но имаше и грешки

    Вајц: Македонија може да биде лидер во преговорите со ЕУ ако се надминат блокадите

    Вајц: Македонија може да биде лидер во преговорите со ЕУ ако се надминат блокадите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    grcija протест
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Трамп не брза со напад врз Иран: Одлуката ќе падне по Нова година

    19/11/2026

    Трагедија во Солун: 21-годишник почина по пад од Белата кула

    19/11/2026

    Заврши историската средба Трамп–Путин–Си, разговорите траеле подолго од планираното

    19/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.