Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Министерката Божиновска: Со ветерниците на Алказар Енерџи ќе создадеме систем што произведува чиста, стабилна и македонска енергија
    Економија

    Министерката Божиновска: Со ветерниците на Алказар Енерџи ќе создадеме систем што произведува чиста, стабилна и македонска енергија

    16/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Ова не е само уште еден проект, туку силен сигнал дека Македонија оди напред – со визија, со јасна цел и со решителност да стане енергетски независна, современа и просперитетна земја“, рече министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на настанот на „Алказар енерџи“ , на кој свечено беше означен почетокот на изградбата на најголемиот ветерен парк во државата.

    Инвестициите во ветер, сонце, вода не се само проект. Тие се мостови кон економска стабилност, зелена транзиција и нови работни места за македонските граѓани. Со оваа инвестиција се градат можности за младите, се градат индустриски капацитети за целата држава и енергетска сигурност за многу домаќинства“, вели Божиновска.

    Планираните 55 турбини на површина од 326 хектари меѓу Штип, Карбинци и Радовиш ќе обезбедуваат струја за околу 100 000 домаќинства и ќе овозможат трајнавредност за економијата.

    „Оваа Влада ја постави енергетиката како столб на развој и нема да застанеме додека не ја трансформираме Македонија во регионален центар за обновлива енергија,“ рече министерката, упатувајќи благодарност до меѓународните инвеститори за довербата. Таа порача дека натамошното јакнење на енергетската безбедност е условено од вакви стратешки вложувања, „работени според правилата и во интерес на иднината“.

    Ќе создадеме систем што произведува своја енергија, чиста, стабилна и македонска. Ова е моментот да покажеме што можеме: да бидеме регионален лидер во обновливите извори и земја што ги чува своите ресурси,“ заврши Божиновска, испраќајќи порака дека денешниот настан претставува пресвртница во патот кон енергетска самостојност и зелен раст.

    Покрај Божиновска, на свеченоста присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски Александар Николоски и коосновачот и управувачки партнер на „Алказар енерџи“ Даниел Калдерон. Од компанијата нагласија дека проектот, најголем од ваков тип во регионот, ќе ги поттикне локалните бизниси и ќе отвори нови индустриски капацитети.

    Поврзани вести:

    ССМ: Синдикалната минимална кошница порасна на 69.432 денари

    ССМ: Синдикалната минимална кошница порасна на 69.432 денари

    Неделен преглед на Македонската берза: промет од 81,25 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    Неделен преглед на Македонската берза: промет од 81,25 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    Божиновска во посета на ХЕ „Вруток“: Енергетиката најдобро се разбира на терен

    Божиновска во посета на ХЕ „Вруток“: Енергетиката најдобро се разбира на терен

    Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,26 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,26 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,53 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,53 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    Николоски: Со специјална технологија се стабилизира најкритичниот дел од автопатот Кичево – Охрид

    Николоски: Со специјална технологија се стабилизира најкритичниот дел од автопатот Кичево – Охрид

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ССМ: Синдикалната минимална кошница порасна на 69.432 денари

    21/09/2026

    Неделен преглед на Македонската берза: промет од 81,25 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    20/09/2026

    Божиновска во посета на ХЕ „Вруток“: Енергетиката најдобро се разбира на терен

    20/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.