Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Милошоски: Македонија е добро позиционирана меѓу САД, ЕУ и земјите од регионот
    Политика

    Милошоски: Македонија е добро позиционирана меѓу САД, ЕУ и земјите од регионот

    24/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, оцени дека Македонија има добра меѓународна позиција и може да води избалансирана надворешна политика, која ќе ги зачува стратешките односи со САД и ќе ги зајакне врските со Европската Унија и државите од регионот.

    Гостувајќи во емисијата „Надворешна – Светот во дијалог“ на МРТ, Милошоски посочи дека стратешкото партнерство со САД, како и политичката, економската и културната поврзаност со ЕУ и соседните земји, се важни фактори за позицијата на државата.

    „Јас мислам дека Македонија е добро позиционирана и по однос на стратешкото партнерство со САД и по однос на нашата политичка, економска, културна и континентална поврзаност со ЕУ и со земјите од регионот“, изјави Милошоски.

    Тој нагласи дека односите меѓу Европа и САД треба да се гледаат како меѓусебно поврзани, оценувајќи дека европскиот развој и безбедноста во изминатите децении се потпираат и на американската поддршка.

    „Европскиот економски успех и демократија не би биле толку напредни без американската стабилност и безбедносна поддршка во изминативе 60 години“, рече Милошоски.

    Според него, Македонија може паралелно да го продлабочува стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство, но и да ги развива политичките и економските односи со европските партнери, меѓу кои ги спомена Германија, Австрија, Италија, Хрватска и Словенија.

    Милошоски посочи и дека Македонија има високо ниво на усогласеност со надворешната и безбедносната политика на Европската Унија, што, според него, се гледа и преку гласањата во Обединетите нации во периодот од 2024 до 2026 година.

    Тој наведе дека во случаи кога ЕУ има заеднички став за одредени прашања, Македонија го следи тој став, додавајќи дека статистиката за гласањето по резолуции, декларации и други акти покажува висока усогласеност со европската политика.

    Поврзани вести:

    СДСМ бара минимална плата од 600 евра, обвини дека граѓаните сè потешко ги покриваат трошоците

    СДСМ бара минимална плата од 600 евра, обвини дека граѓаните сè потешко ги покриваат трошоците

    ВМРО-ДПМНЕ: Изборите во Брвеница покажаа пад на довербата во СДС

    ВМРО-ДПМНЕ: Изборите во Брвеница покажаа пад на довербата во СДС

    СДСМ: Работниците едвај ги покриваат трошоците, потрошувачката кошница над 70 илјади денари

    СДСМ: Работниците едвај ги покриваат трошоците, потрошувачката кошница над 70 илјади денари

    Собранието и МАНУ денеска ќе потпишат колективен договор

    Собранието и МАНУ денеска ќе потпишат колективен договор

    Собраниски комисии денеска за измените на Законот за приватизација на градежно земјиште

    Собраниски комисии денеска за измените на Законот за приватизација на градежно земјиште

    Левица: Економската стабилност за која зборува Владата не се гледа во секојдневниот живот на граѓаните

    Левица: Економската стабилност за која зборува Владата не се гледа во секојдневниот живот на граѓаните

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    СДСМ бара минимална плата од 600 евра, обвини дека граѓаните сè потешко ги покриваат трошоците

    24/10/2026

    ВМРО-ДПМНЕ: Изборите во Брвеница покажаа пад на довербата во СДС

    21/10/2026

    СДСМ: Работниците едвај ги покриваат трошоците, потрошувачката кошница над 70 илјади денари

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.