Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), каде што ќе изврши увид во реализираните инвестиции и процесот на модернизација на институцијата.
Од владината прес-служба информираат дека посетата е дел од активностите поврзани со следење на реализираните проекти и унапредувањето на капацитетите на УХМР.
Во рамки на посетата, предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите и да ги презентира информациите поврзани со вложувањата и подобрувањето на работата на Управата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
