Премиерот Христијан Мицкоски најави дека од денеска ќе има намалување на цените на нафтените деривати за 2,5 денари. Тој објасни дека заедно со Министерството за енергетика и со компанијата ОКТА работеле на модел со кој ќе се овозможи компаниите да добијат поевтино горива.
Според планот, ОКТА од денеска ќе треба да даде попуст од 45 до 50 долари по тон на компаниите кои соработуваат со неа.
Тоа рече, Мицкоски, ќе значи намалување по 2 денари за литар.
„Разговарав и со голем дел од сопствениците на бензинските пумпи кои што рекоа дека тоа ќе го пренесат на крајните корисници. Така што, бидејќи РКЕ ја одредува највисоката цена, очекувам откако ова ќе биде објавено, во текот на денот да се намалат нафтените деривати за 2,5 денари. Во средства, тоа значи дека литар дизел ќе биде 1,35 евра – рече Мицкоски.
Премиерот рече дека засега нема да има други мерки на намалување на цената на горивата, но ако цената на нафтата на берзите и натаму расте ќе се намали данокот на додадена вредност, не акцизите.
