Формирањето многудетно семејство е многу важно за Македонија. Тоа за премиерот Христијан е како што истакна највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина.
Тој опомена дека според последниот попис државата има над 1,8 милиони жители. Но се плаши дека за 20 години Македонија ќе биде земја со под 1 милион жители и тогаш ќе имаме на еден пензионер, еден вработен што ќе значи колапс за пензискиот фонд.
Нека ме нарекуваат конзервативен, заостанат како сакаат нека ме нарекуваат, но ова мора биде прв приоритет на оваа Влада и на сите следни влади, а тоа се многудетни семејства. Јас би сакал кон сите македонски граѓани да упатам јасна порака – формирањето семејство, формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина. Без разлика на верската, на едничката припадност – многудетното семејство значи иднина – рече Мицкоски на настанот Демографски трендови – Заедничка акција за инвестирање и искористување на човечкиот капитал преку петгодишната програма на Владата и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
