Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Мицкоски: Нови извори на природен гас, стабилно снабдување и пониски цени за граѓаните
    Економија

    Мицкоски: Нови извори на природен гас, стабилно снабдување и пониски цени за граѓаните

    09/07/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Се поврзуваме со гасоводите на соседите, што ќе нè направи регионална енергетска крстосница, што ќе значи повеќе избори, повеќе стабилност и пониски трошоци, а државава повеќе нема да биде на крајот од мрежата, туку во срцето на регионалниот енергетски тек, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на стартот на изградбата на гасниот интерконектор со Грција.

    Мицкоски истакна дека овој интерконектор ќе донесе нови извори на природен гас, стабилно снабдување за индустријата и домаќинствата, пониски цени за граѓаните, поголема конкурентност за компаниите силна порака дека државава конечно станува дел од европската енергетска мрежа.

    -Ќе изградиме 66,7 километри гасовод на македонска територија, со цевки со дијаметар од 700 милиметри. Почетниот капацитет од 1,5 милијарди кубни метри гас годишно ќе може да се зголеми до 3 милијарди. Тоа е енергија за раст. Тоа е гориво за економијата. Тоа е безбедност за иднината. Вкупната вредност на проектот е околу 3,7 милијарди денари, или 60 милиони евра. Со поддршка на овој проект од Европската инвестициска банка, со Европската банка за обнова и со Европската Унија покажуваме дека можеме да направиме многу повеќе, рече премиерот.

    Тој оцени дека почнува нов, енергетски посигурен, економски поефикасен и стратешки поисплатлив период за нашата држава.

    -Ова не е само инвестиција во цевки и бетон, туку уште еден значаен влог во енергетската независност и стабилност на земјата, во нејзиниот целокупен економски развој и во нејзината просперитетна иднина. Преку реализацијата на овој проект, како и најавените поврзувања со гасоводните системи на останати наши соседи, нашата земја станува значајна енергетска крстосница, што очекувам дека ќе донесе конкретни придобивки за целиот регион, а пред сè за македонските граѓани и домашната економија. Ова што денес го правиме не е симболика. Ова е суштинска промена. Ова е доказ дека, кога ќе се фатиме за работа, кога ќе имаме визија и кога ќе владее одговорност – сè може да се направи, рече Мицкоски.

    Овој проект, укажа, не е нова идеја, но, досега остана само како идеја. – Иако беше ветуван претходно, никогаш не беше започнат. Затоа, денес не правиме спектакл за да ги залажеме луѓето, туку да покажеме дека, кога се работи со одговорност, истрајност и вистински намери – резултатите стигнуваат. И ова е само дел од поголемата слика.Се поврзуваме со гасоводите на соседите, што ќе не направи регионална енергетска крстосница, наведе премиерот Мицкоски.

    Изградбата на интерконкторот, како што посочи амбасадорката на САД Анџела Агелер, е долгоочекуван проект кој демонстрира независност и ги зајакнува врските во однос на енергијата и економскиот развој.

    – Стратешка ивестиција во безбедноста, просперитетот и суверентитет. Важно е да се направи енергетска диверзифкација. Важна е регионаната соработка, партнерството. Како најголем производител на ЛНГ, САД сака нашиот гас да се пренесува преку овој гасовод наскоро. Сакаме да видиме економска сигурност и безедност и регионален развој што тој проток ќе го донесе за сите нас. Партнерствата со пријателите и соседите се докажува дека се многу повеќе од бирократски и политички маневри, порача Агелер.

    Изведувачот на работите, кумановската компанија „Рапид билд“ треба да ги заврши работите за 22 месеца, односно интерконкторот да биде готов во 2027 година. Од грчка страна интерконекторот е со должина од 123 километри и е речиси готов.

    Поврзани вести:

    Македонија го задржа кредитниот рејтинг според „Фич“, Димитриеска-Кочоска: Потврда за економските политики

    Македонија го задржа кредитниот рејтинг според „Фич“, Димитриеска-Кочоска: Потврда за економските политики

    Нова приватна инвестиција во енергетиката, премиерот Мицкоски вели дека особено е значајна пред предизвикувачката зима

    Нова приватна инвестиција во енергетиката, премиерот Мицкоски вели дека особено е значајна пред предизвикувачката зима

    УЈП објави нова листа на должници: Над 13,6 милијарди денари неплатени долгови

    УЈП објави нова листа на должници: Над 13,6 милијарди денари неплатени долгови

    „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на „ББ+“ со стабилен изглед

    „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на „ББ+“ со стабилен изглед

    Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,18 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,18 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    Божиновска со Ацевски за наодите и препораките од ревизиите во енергетскиот сектор

    Божиновска со Ацевски за наодите и препораките од ревизиите во енергетскиот сектор

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Македонија го задржа кредитниот рејтинг според „Фич“, Димитриеска-Кочоска: Потврда за економските политики

    13/09/2026

    Апасиев поднесе кривична пријава против членови на ДКСК и Комисијата како правно лице

    13/09/2026

    СДСМ користи „низок и уличарски речник“ и покажува недостаток на политичка зрелост, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ

    13/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.