Премиерот Христијан Мицкоски најави решение до февруари и очекува позитивен исход во однос на македонските транспортери.
-Овој проблем со транспортерите е еден од многуте наследени проблеми од порано. Така да проблеми има континуирано, проблемите се тука и ќе се решаваат. Што се однесува до овој проблем, мора да се надмине и мислам дека одприлика се надзира решението и очекувам тоа во рамките на следниот месец, односно на месец февруари, да биде завршена работа“, изјави Мицкоски.
Прашан дали треба да стравуваме за економијата, рече дека нема место за загриженост и дека еконимита е стабилна.
„Изјавата на Вицепремиерот беше повеќе во насока дека ќе бидат блокирани граничните премини и ќе нема размена трговска меѓу земјите. Тоа повеќе ќе имплицираше и кон нашиот јужен сосед. Вие знаете и во Хрватска владата реагираше. Инаку граѓаните и бизнисот да не се грижат. Успеавме да обезбедиме на мегународниот пазар доволно средство да ги вратиме долговите на претходната влада и со остатокот да имаме доволно средства за развој и македонската економија повторно да биде една од првите во регионот и во првите пет во Европа. Така што, економијата продолжува да расте и јас очекувам покрај рекордите што ги имавме во втората половина, 2024 и 2025, тој тренд да продоложи и во 2026 година“, изјави Мицкоски.
