За ЕУ интеграциите ние нема да водиме мекотелна политика, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница одговарајќи му на Венко Филипче. Лидерот на СДСМ претходно наведе дека нема што да се каже за евроинтеграцијата оти Мицкоски јасно кажал дека земјата нема да направи чекор напред.
Мицкоски веднаш му посочи на Филипче дека е мекото ткиво на македонскиот национален идентитет.
– Нема да водиме мекотелна политика. Вие сте мекото ткиво и се додека давате вакви изјави, ќе имаме политичари од Бугарија кои што ќе знаат дека има меко ткиво во македонскиот национален идентитет и ќе се обидуваат секогаш да играат на картата на помал отпор. Не можете ништо со тоа да постигнете. Ќе останете запаметен во историјата како човекот кој што бил мекото ткиво и партијата која што била мекото ткиво на македонскиот национален идентитет. Не ви го советувам тоа, истакна Мицкоски.
Инаку, тој денеска одговараше и на други прашања во парламентот.
