Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»МЕП Муртезани и ректорот на ИБУ проф. д-р Сунар, потпишаа Меморандум за соработка во контекст на евроинтеграциите
    Некатегоризирано

    МЕП Муртезани и ректорот на ИБУ проф. д-р Сунар, потпишаа Меморандум за соработка во контекст на евроинтеграциите

    25/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денеска имаше средба со ректорот на Меѓународниот Балкански Универзитет, проф. д-р Лутфи Сунар, на која беше потпишан Меморандум за разбирање со цел институционално зајакнување на соработката во контекст на европските интеграциски процеси на Република Северна Македонија.

    На средбата со професорите од овој Универзитет, министерот Муртезани истакна дека ваквиот вид на институционално партнерство е од суштинско значење за успешно спроведување на европската реформска агенда, овозможувајќи интеграција на академското знаење во јавните политики и создавајќи силна база за ефикасна имплементација на европските стандарди и вредности во нашето општество.

    Со овој Меморандум, Министерството за европски прашања и Меѓународниот Балкански Универзитет поставуваат јасна и долгорочна рамка за соработка во областите од заемен интерес, особено во академската, образовната и истражувачката дејност поврзана со евроинтеграциите.

    Документот предвидува развивање заеднички иницијативи кои ќе обезбедат поддршка за градење капацитети на државните службеници и студентите, како и заедничко организирање на семинари, конференции и работилници посветени на клучните европски теми, размена на експертиза и најдобри практики во областите на пристапниот процес, анализа на јавните политики и правна хармонизација со ЕУ. Посебен акцент ќе биде ставен и на заеднички истражувачки проекти, подготовка на студии и публикации, како и развој на специјализирани академски програми во рамките на европските студии и европското право.

    Министерство за европски прашања

    Поврзани вести:

    Пет танкери и реморкер горат во Ормуцкиот Теснец, тврди Иран

    Пет танкери и реморкер горат во Ормуцкиот Теснец, тврди Иран

    Ревизија во железницата: Загуби, високи провизии и камати, стара инфраструктура и потреба од реформи

    Ревизија во железницата: Загуби, високи провизии и камати, стара инфраструктура и потреба од реформи

    Апелација го ослободи Боки 13 во предметот „Меѓународен сојуз“

    Апелација го ослободи Боки 13 во предметот „Меѓународен сојуз“

    Луис де ла Фуенте ја освои наградата за најдобар тренер во машки фудбал за 2026 година

    Луис де ла Фуенте ја освои наградата за најдобар тренер во машки фудбал за 2026 година

    Мицкоски: Да бидеме свои на своето, со корен во минатото и верба во иднината

    Мицкоски: Да бидеме свои на своето, со корен во минатото и верба во иднината

    Спектакуларна вечер во Лигата на шампионите: ПСЖ ја победи Барселона, Ливерпул направи неверојатен пресврт

    Спектакуларна вечер во Лигата на шампионите: ПСЖ ја победи Барселона, Ливерпул направи неверојатен пресврт

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Пет танкери и реморкер горат во Ормуцкиот Теснец, тврди Иран

    05/11/2026

    Ревизија во железницата: Загуби, високи провизии и камати, стара инфраструктура и потреба од реформи

    05/11/2026

    Апелација го ослободи Боки 13 во предметот „Меѓународен сојуз“

    03/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.