Руските сили синоќа ја нападнале Украина со вкупно 294 дрона, од кои украинската противвоздушна одбрана соборила или неутрализирала 269. Нападот продолжил и во утринските часови, при што дел од дроновите сè уште биле во украинскиот воздушен простор.
Украинските сили уништиле дронови „Шахед“, „Гербера“ и „Италмас“, како и мамци „Пародија“, дејствувајќи на северот, југот и во централните и источните делови на земјата. Забележани се удари од 20 дронови на 15 локации, додека остатоци од соборени летала паднале на уште девет други места.
Паралелно со овој масовен напад, руските сили гаѓале и критична и станбена инфраструктура во Измаилскиот округ во Одеската област, каде има и повредени лица.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
