Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Македонската композиторка Ана Пандевска на фестивалот „ЕКЛАТ“ во Штутгарт
    Култура

    Македонската композиторка Ана Пандевска на фестивалот „ЕКЛАТ“ во Штутгарт

    26/01/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Македонската композиторка Ана Пандевска ќе учествува на престижниот фестивал за современа музика „ЕКЛАТ“, кој ќе се одржи од 4 до 9 февруари 2026 година во Штутгарт, Германија, со две музички композиции и едно видео во рамки на програмата посветена на современи авторски и уметнички практики.

    Двете композиции ќе бидат изведени од реномираниот вокален ансамбл Neue Vocalsolisten Stuttgart, додека видеото е реализирано во соработка со македонската режисерка Анастасија Лазарова Пилинг.

    Во програмата се вклучени делата Electroacoustic mantra „From ex YU to EU“ (2022/2023) и „From ex YU to EU – Pass the Word / Clap Game“(2025). Првото дело е засновано на концептот на мантрата како чин на повторување и е инспирирано од долгиот и комплексен процес на европските интеграции на Македонија по распадот на Југославија.

    Второто дело, создадено во 2025 година, функционира како иронична кода на првото. Во „Pass the Word / Clap Game“, бирократската и дипломатската комуникација е претставена како игра, во која правилата, ветото и регулативите добиваат апсурдни димензии.

    Двете композиции се занимаваат со повторување и трансформација, претставувајќи две емоционални фази на истиот процес — од искрената желба за припадност до свесната иронија по децении продолжена транзиција. Со овие дела, Ана Пандевска поставува прашање: Како звучи прогресот кога никогаш целосно не пристигнува?

    Поврзани вести:

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    16/10/2026

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    10/10/2026

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    05/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.