Македониумот во Крушево ќе биде прогласен за културно добро во опасност, со цел да се овозможи негова итна заштита и спречување на понатамошно оштетување. Станува збор за значаен споменик од национално значење, изграден во 1974 година и посветен на Илинденското востание и македонската историја.
Од надлежните институции посочуваат дека објектот подолг период е во лоша состојба и потребни се итни мерки за конзервација и санација. Со ставањето под статус „во опасност“ се отвора можност за поголема институционална заштита, обезбедување средства и преземање конкретни активности за негова реставрација.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
