Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Македонија со две победи го освои второто место на „Трофеј Македонија 2026“
    Спорт

    Македонија со две победи го освои второто место на „Трофеј Македонија 2026“

    28/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Женската ракометна репрезентација на Македонија со две победи и еден пораз го заврши настапот на традиционалниот меѓународен турнир „Трофеј Македонија 2026“, кој викендов се одржа во Охрид.

    Турнирот во спортската сала „Билјанини извори“ беше дел од неделата на Европската ракометна федерација (ЕХФ), а воедно претставуваше и последна проверка за македонските ракометарки пред настапот на Европското првенство.

    Избраничките на новиот селектор Игор Марковиќ прикажаа одлични изданија и завршија на второто место во конкуренција на четири репрезентации.

    Победничкиот трофеј го освои Црна Гора, која турнирот го заврши со максимален учинок од три победи. Третото место ѝ припадна на Хрватска, додека Србија беше четврта со три порази.

    Македонија во првото коло славеше убедливо против Србија со 29:21, потоа загуби од Црна Гора со 23:29, а во последниот натпревар приреди мало изненадување совладувајќи ја Хрватска со 25:22.

    Сите четири селекции од турнирот ќе настапат на претстојното Европско првенство. Македонија ќе биде дел од групата Б, каде ќе игра против Норвешка, Романија и Швајцарија.

    На индивидуален план, најдобар стрелец на „Трофеј Македонија 2026“ беше македонското десно крило Сара Ристовска, која по враќањето во репрезентацијата постигна вкупно 22 гола.

    За најкорисна ракометарка на турнирот беше прогласена Ивана Савиќ од Црна Гора, додека признанието за најдобра голманка го доби Луција Бешен од Хрватска.

    Поврзани вести:

    Јакимовски блесна на дебито за Баскет Наполи и ја отвори сезоната со победа

    Јакимовски блесна на дебито за Баскет Наполи и ја отвори сезоната со победа

    Необична ситуација: Дефанзивец пријавен како резервен голман во репрезентацијата на Ирска

    Необична ситуација: Дефанзивец пријавен како резервен голман во репрезентацијата на Ирска

    Јакин: Македонија добро помина со само три примени гола, создадовме многу повеќе шанси

    Јакин: Македонија добро помина со само три примени гола, создадовме многу повеќе шанси

    Партизан го надигра Милано, Ти-Џеј Шортс блесна во победата на Валенсија

    Партизан го надигра Милано, Ти-Џеј Шортс блесна во победата на Валенсија

    Белгија и Франција со победи на гостувањата, Зидан славеше на дебито

    Белгија и Франција со победи на гостувањата, Зидан славеше на дебито

    Драгица Глигорова обезбеди медал на Светското првенство, Македонија со две финалиња и две полуфиналиња

    Драгица Глигорова обезбеди медал на Светското првенство, Македонија со две финалиња и две полуфиналиња

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Јакимовски блесна на дебито за Баскет Наполи и ја отвори сезоната со победа

    27/09/2026

    Необична ситуација: Дефанзивец пријавен како резервен голман во репрезентацијата на Ирска

    27/09/2026

    Јакин: Македонија добро помина со само три примени гола, создадовме многу повеќе шанси

    27/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.