Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Македонија ќе ја претставуваат 181 спортист на „ЕМОФ Скопје 2025“
    Спорт

    Македонија ќе ја претставуваат 181 спортист на „ЕМОФ Скопје 2025“

    19/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Македонија ќе ја претставуваат вкупно 181 спортист и 22 тренери на летниот „Европски младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025“, кој почнува утре. На свеченото отворање, македонското знаме ќе го носат Кристијан Смилев (кајак) и Матеа Поповска (одбојка). Вкупно на 18-от летен Европски младински олимписки фестивал се очекуваат повеќе од 4.000 спортисти и службени лица, од 50 европски делегации.
    Сите спортски натпревари на „ЕМОФ Скопје 2025“ ќе бидат целосно бесплатни за посетителите, пишува на официјалната интернет-страница на „ЕМОФ Скопје 2025“.

    Европскиот младински олимписки фестивал е најголемиот спортски настан организиран за млади, првпат одржан во 1991 година, во Брисел (Белгија), како летен спортски натпревар, а првиот зимски ЕМОФ е одржан во 1993 година, во Аоста (Италија). Многу од европските спортски ѕвезди ги правеле првите чекори на меѓународната сцена на ЕМОФ, натпреварување на кое во минатото освојувале медали некои подоцнежни врвни светски спортисти во летни и во зимски спортови, кои освојувале медали и на олимписки игри, светски и европски првенства.

    -ЕМОФ Скопје 2025“ ќе обезбеди идеална сцена за идните олимпијци да се натпреваруваат, како и за спортистите што се надеваат дека ќе учествуваат на Младинските олимписки игри во Дакар во 2026 година, пишува Интернационалниот олимписки комитет (ИОК). Од утре до 26 јули млади спортисти на возраст од 14 до 18 години ќе се натпреваруваат во 15 спорта (уметничка гимнастика, атлетика, бадминтон, кошарка, баскет 3х3, кану-слалом, друмски велосипедизам, планински велосипедизам, ракомет, џудо, стрелаштво, пливање, пинг-понг, таеквондо, одбојка), првенствено во Скопјe, каде што ќе се одржат и церемониите на отворање и на затворање. Вкупно 11 спорта ќе се одржат во Скопјe, Куманово ќе биде домаќин на натпревари во кошарка, друмски велосипедизам и во планински велосипедизам, а хрватскиот град Осиек ќе биде домаќин на уметничката гимнастика, пишува ИОК.

    Поврзани вести:

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    Дмитро Хорига доби дозвола да игра за Македонија, прв натурализиран репрезентативец во ерата на Лазаров

    Дмитро Хорига доби дозвола да игра за Македонија, прв натурализиран репрезентативец во ерата на Лазаров

    Вардар остана без главна рунда во Лигата на шампионите по нов пораз од Висла Плоцк

    Вардар остана без главна рунда во Лигата на шампионите по нов пораз од Висла Плоцк

    Ливерпул со спектакуларни шест гола го декласира ЛАСК во Лигата на шампионите

    Ливерпул со спектакуларни шест гола го декласира ЛАСК во Лигата на шампионите

    МЗТ испушти голем пресврт и загуби од Тарту во драматична завршница

    МЗТ испушти голем пресврт и загуби од Тарту во драматична завршница

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    15/10/2026

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    15/10/2026

    Дмитро Хорига доби дозвола да игра за Македонија, прв натурализиран репрезентативец во ерата на Лазаров

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.