Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Магазин»Занимливости»Луксузниот свет на соло патувањата: Жените го водат новиот глобален тренд
    Занимливости

    Луксузниот свет на соло патувањата: Жените го водат новиот глобален тренд

    01/12/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Зголемената побарувачка за луксузни патувања е тесно поврзана со развојот на дестинации што се фокусираат на благосостојба и здрав начин на живот, особено популарни кај жените. Новиот бран на отворање луксузни хотели ширум светот, особено на Блискиот Исток, дополнително го поттикнува овој тренд.

    Украинката Дарија Гурстримба, основач и директорка на лондонската компанија Globe7, нуди ултралуксузно и дискретно патување за најпребирливите клиенти. Компанијата има ексклузивни договори со повеќе од десет од најголемите светски хотелски синџири, работи на сите седум континенти и управува со резервации вредни десетици милиони долари годишно.

    Globe7 користи алатки со вештачка интелигенција прилагодени на секој клиент и има партнерства со банки и крипто-платформи. Клиентелата вклучува семејни фондови со долга традиција, но и крипто милионери.

    „Голем дел од промените во луксузните патувања денес ги водат жените. Многу од нив носат повеќе улоги и одговорности, често без одмор. За нив, самостојното патување е начин да се ресетираат, да здивнат и да се поврзат со она што навистина им е важно“, вели Гурстримба.

    Нејзината кариера започнала во Данон Украина како маркетинг експерт за Актимел и Данисимо, по што продолжила како маркетинг-раководител за Украина и ЗНД во Биосфера, каде што постигнала раст на продажбата од над 40%. До 25 години веќе станала директорка за маркетинг — резултат на интензивна работа, образование и менторство. Подоцна се обидела со новинарство и организирање настани, што ја довело до нејзината вистинска страст — патувањето.

    Гурстримба нагласува дека велнес патувањата и ретритите се во срцето на новиот тренд. Места како SHA Wellness Clinic, Six Senses Vana и La Prairie нудат идеална комбинација од структура и спокојство. Во Италија, Ермито станува препознатлив како современ манастир во шума, додека Малдивите со дестинации како Joali Being го нудат мирот на океанот, обновата на духот и чувството на изолирана смиреност што го бараат соло патничките.

    Покрај тоа, искуства како The Ritz-Carlton Yacht Collection и Orient Express Sailing Yacht се наменети за оние кои уживаат во патување со бавно темпо, во удобна средина и меѓу истомисленици.

    „За многу жени, оваа независност ја одразува реалноста на модерниот живот. Некои се сингл по избор, други се во врска или имаат кариера што бара многу. Заедничко им е стремежот кон рамнотежа и желбата за патување што носи внатрешна и надворешна трансформација“, додава таа.

    Според Бријана Глен, сопственичка на Milk + Honey Travels, жените што патуваат сами живеат динамичен и исполнет живот — тие се лидери, претприемачи и лица кои се грижат за други. За нив, самостојното патување не е обичен одмор, туку враќање кон себе.

    „Жените сакаат простор, тишина и убавина. Не сакаат да докажуваат ништо патувајќи сами — едноставно знаат дека кога никого не треба да задоволат, можат да се движат со сопствено темпо и да го слушаат својот внатрешен глас“, вели Глен.

    Многу од тие патувања се поврзани со важни животни моменти — родендени, нови поглавја или тивки лични победи.

    Најпопуларни дестинации за жени кои патуваат сами

    Бријана издвојува четири врвни избори:

    Португалија – градови идеални за пешачење, бутик хотели и врвна гастрономија.
    Јапонија – мир, ред, минимализам и беспрекорна услуга.
    Јужна Африка – комбинација од луксуз, природа, приватни сафари и вински региони.
    Костарика – совршена за целосно велнес-ресетирање, со недопрена природа и врвни еко-луксузни одморалишта.

    „Работам само со проверени партнери. Клиентите треба да се чувствуваат безбедно, згрижено и инспирирано — таа рамнотежа е клучна“, додава Глен.

    Поврзани вести:

    Денеска е Арангеловден: Се слави Свети Архангел Михаил, заштитникот на доброто

    Денеска е Арангеловден: Се слави Свети Архангел Михаил, заштитникот на доброто

    Луфтханза укинува 1.000 работни места поради финансиски загуби и скапо гориво

    Луфтханза укинува 1.000 работни места поради финансиски загуби и скапо гориво

    За славата Свети Архангел Михаил: Рецепт за мека и висока славска погача

    За славата Свети Архангел Михаил: Рецепт за мека и висока славска погача

    Македонија доби свој AI агент за создавање софтвер – претставен Coder.mk

    Македонија доби свој AI агент за создавање софтвер – претставен Coder.mk

    Мамографијата не открива само рак на дојка: Може да предупреди и за ризик од срцеви заболувања

    Мамографијата не открива само рак на дојка: Може да предупреди и за ризик од срцеви заболувања

    Дали големината на носот открива нешто повеќе за надареноста: Научниците имаат став

    Дали големината на носот открива нешто повеќе за надареноста: Научниците имаат став

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Љубов на работа? Експертите откриваат кога романсата може да стане проблем

    22/11/2026

    Не го бањајте бебето секој ден во зима: Педијатрите предупредуваат на сушење на чувствителната кожа

    22/11/2026

    Употребата на канабис поврзана со зголемен ризик од мозочен удар, покажува нова студија

    22/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.