Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Љупчо Пецов Ѓаволот доби условна казна од две години затвор по признание на вина
    Република

    Љупчо Пецов Ѓаволот доби условна казна од две години затвор по признание на вина

    24/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Љупчо Пецов доби условна казна затвор во траење од две години, откако ја признал вината во постапката што се водела против него. Пресудата е правосилна од 21 септември 2026 година, бидејќи ниту една од странките не поднела жалба, информираат од Основниот кривичен суд.

    Одлуката била донесена на 24 август врз основа на признанието на обвинетиот. Судот утврдил казна затвор од две години, која нема да се изврши доколку Пецов во наредните пет години не стори ново кривично дело.

    Покрај условната казна, му е изречена и парична казна во износ од 8.000 евра.

    Судот му изрекол и мерка на забрана за вршење дејност како основач или управител на правно лице, односно забрана да управува, раководи или располага со имот на правно лице во период од десет години.

    Казнета е и компанијата ДУТУД А.К.А.П. ДООЕЛ, која е во стечајна постапка. На правното лице му е изречена парична казна од еден милион денари, како и повеќе заштитни мерки.

    Меѓу нив се забрана за добивање дозволи, лиценци и концесии утврдени со закон, забрана за учество во постапки по јавен повик, како и забрана за основање нови правни лица. Овие мерки ќе важат во наредните пет години.

    Од Кривичниот суд наведуваат дека при одмерувањето на санкцијата било земено предвид и начелото на еднаков третман во однос на останатите обвинети во истиот предмет. Според судот, дел од нив исто така ја признале вината, ја надоместиле причинетата штета и во издвоени постапки добиле алтернативни санкции.

    Поврзани вести:

    Серафимовски денеска ќе ги соопшти мерките за проблемот со кравите во Крива Паланка

    Серафимовски денеска ќе ги соопшти мерките за проблемот со кравите во Крива Паланка

    Времето драстично се менува: Денес до 22 степени, потоа следува нагло заладување

    Времето драстично се менува: Денес до 22 степени, потоа следува нагло заладување

    Протест пред Владата поради фемицидите: Граѓаните ќе бараат одговорност од институциите

    Протест пред Владата поради фемицидите: Граѓаните ќе бараат одговорност од институциите

    Естонската амбасадорка во Скопје: Европската иднина се гради преку партнерство и разбирање

    Естонската амбасадорка во Скопје: Европската иднина се гради преку партнерство и разбирање

    Институциите бараат трајно решение за кравите кои слободно се движат низ Крива Паланка

    Институциите бараат трајно решение за кравите кои слободно се движат низ Крива Паланка

    Мицкоски во Берлин на Коалицијата на волните

    Мицкоски во Берлин на Коалицијата на волните

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    ѓаволот пресуда суд условна
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Серафимовски денеска ќе ги соопшти мерките за проблемот со кравите во Крива Паланка

    20/11/2026

    Времето драстично се менува: Денес до 22 степени, потоа следува нагло заладување

    20/11/2026

    Протест пред Владата поради фемицидите: Граѓаните ќе бараат одговорност од институциите

    20/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.