Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Лидл прогласен за лидер во безбедноста при работа во домашниот услужен сектор
    Република

    Лидл прогласен за лидер во безбедноста при работа во домашниот услужен сектор

    29/04/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Соопштение од ЛИДЛ:

    „Лидл Северна Македонија го освои првото место за најдобар правен субјект во областа на безбедност и здравје при работа за 2025 година. Компанијата е добитник на наградата во категоријата Услужни дејности, која ги опфаќа финансиските, информативните, транспортните, трговските, сервисните и други услуги, како признание за системските инвестиции и високите стандарди што ги применува во грижата за своите вработени.

    Признанието се доделува по повод 28 април, Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, на настан организиран од релевантни домашни здруженија и институции од оваа област, каде беа наградени компании кои во текот на 2025 година, преку инвестиции и имплементација на добри практики во сопствениот развој, реално и стручно придонеле за создавање безбедни и здрави работни места.

    Наградата за Лидл Северна Македонија се однесува на проектот „Безбедна работа на градилиште“ при изградбата на логистичкиот центар на компанијата, кој се протега на површина од 67.000 метри квадратни. Во реализацијата на овој комплексен проект биле ангажирани 75 домашни компании – подизведувачи, кои работејќи според строгите безбедносни стандарди и процедури на Lidl, придонеле за постигнување исклучителен резултат. Во текот на изградбата не е регистрирана ниту една повреда при работа или друг безбедносен инцидент. Ова е директен резултат на системскиот пристап, континуираната едукација, строгата контрола и доследното почитување на сите протоколи за безбедност и здравје при работа.

    Наградата во име на Лидл Северна Македонија ја прими раководителката за безбедност и заштита при работа, Надица Фотев.
    „Ова признание претставува потврда за континуираната посветеност на Lidl кон создавање безбедна и здрава работна средина. Компанијата континуирано инвестира во превенција, едукација, унапредување на работните услови и развој на култура на безбедност, со што обезбедува високи стандарди во секој сегмент од работењето. Ние во Lidl, безбедното работно опкружување не го гледаме само како обврска, туку како суштинска вредност и одговорност кон нашите вработени, нашите подизведувачи и партнери, како и кон животната средина. Ќе продолжиме да инвестираме во современи решенија, едукација и практики кои придонесуваат за долгорочна благосостојба и сигурност на секој член од нашиот тим“, изјави Фотев.

    Годинешното одбележување на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, предводено од Меѓународната организација на трудот, е посветено на создавање здрави психосоцијални работни средини, со фокус на менталното здравје, благосостојбата и одржливите работни практики.
    Во овој контекст, процесите, процедурите и политиките за здравје и безбедност на Лидл Северна Македонија имаат за цел да создадат култура на безбедност која оди подалеку од законските барања. Како дел од својата долгорочна стратегија, Lidl останува посветен на примена на највисоки стандарди за безбедност и здравје при работа, придонесувајќи не само за благосостојбата на своите вработени, туку и за развој на одговорни и одржливи деловни практики во пошироката заедница.“

    Поврзани вести:

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Во Собранието дебата за измени на Законот за народниот правобранител

    Во Собранието дебата за измени на Законот за народниот правобранител

    Денеска променливо облачно со дожд и грмежи, локално се очекуваат поројни врнежи

    Денеска променливо облачно со дожд и грмежи, локално се очекуваат поројни врнежи

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    22/10/2026

    Во Собранието дебата за измени на Законот за народниот правобранител

    22/10/2026

    Денеска променливо облачно со дожд и грмежи, локално се очекуваат поројни врнежи

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.