Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Авторката Лидија Тантуровска со промоција на сликовницата „Месечко и Сончко“ во Laboratorium
    Култура

    Авторката Лидија Тантуровска со промоција на сликовницата „Месечко и Сончко“ во Laboratorium

    14/04/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Новата сликовница „Месечко и Сончко“ од македонската авторка Лидија Тантуровска ќе биде промовирана на 16 април (четврток), со почеток во 18:30 часот, во Laboratorium.

    Станува збор за топла и поучна приказна наменета за најмладите читатели, која на едноставен и близок начин ја обработува една од највечните теми — односот меѓу денот и ноќта. Преку вешта персонификација, Сонцето и Месечината се претставени како Сончко и Месечко, ликови што стануваат дел од детското секојдневие и нивниот природен ритам.

    Во приказната, Месечко тивко и нежно ја презема својата улога со доаѓањето на ноќта, внесувајќи мир и сигурност, додека Сончко го означува почетокот на денот — ги буди децата и ја следи нивната игра, учење и радост. На овој начин, сликовницата создава симболична рамнотежа меѓу сонот и будноста, прикажувајќи ги како природни и неопходни делови од детскиот развој.

    Дополнителна димензија на делото е внесената доза на љубопитност и фантазија, преку навестувањето за желбата на Месечко да го „ѕирне“ светот на децата и во текот на денот — мотив што отвора простор за имагинација и нови прашања кај младите читатели.

    Текстот е на Лидија Тантуровска, илустрациите се на Иванка НиБа, а промотор на настанот ќе биде Ана Јовковска.

    Промоцијата е отворена за јавноста.

    Поврзани вести:

    Заврши 17. „МакеДокс“ – „Тристан засекогаш“ ја освои главната награда

    Заврши 17. „МакеДокс“ – „Тристан засекогаш“ ја освои главната награда

    „Џган“ слави 10 години: Јубилејна проекција на култниот македонски филм во Скопје

    „Џган“ слави 10 години: Јубилејна проекција на култниот македонски филм во Скопје

    Кинотеката со богата филмска програма во септември

    Кинотеката со богата филмска програма во септември

    Утревечер Jazz Extravaganza – концерт на Емин, Шарески, Јосифовски и Петров во Јавна соба

    Утревечер Jazz Extravaganza – концерт на Емин, Шарески, Јосифовски и Петров во Јавна соба

    Синоќа затворено 66. издание на „Охридско лето“

    Синоќа затворено 66. издание на „Охридско лето“

    Нова македонска колекција на АИ книги: Практично знаење за вештачката интелигенција конечно и на македонски јазик

    Нова македонска колекција на АИ книги: Практично знаење за вештачката интелигенција конечно и на македонски јазик

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    16 април 2026 детска литература книги за деца Лабораториум Лидија Тануровска македонска книжевност македонски автор Месечко и Сончко настани Скопје промоција на книга промоција Скопје сликовница Сонце и Месечина
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Заврши 17. „МакеДокс“ – „Тристан засекогаш“ ја освои главната награда

    28/08/2026

    „Џган“ слави 10 години: Јубилејна проекција на култниот македонски филм во Скопје

    25/08/2026

    Кинотеката со богата филмска програма во септември

    24/08/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.