Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Левица со критики за организацијата на прославата за независноста, бара објавување на целата документација
    Политика

    Левица со критики за организацијата на прославата за независноста, бара објавување на целата документација

    12/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Политичката партија Левица упати остри критики до Владата во врска со организацијата на прославата по повод јубилејот од независноста, оценувајќи дека објаснувањата на власта не успеваат да ги отстранат сомнежите околу спроведената постапка.

    Од партијата велат дека начинот на кој бил избран организаторот, како и кратките рокови во процесот, отвораат прашања за транспарентноста и регуларноста на целата постапка.

    Според Левица, особено спорен е периодот од завршувањето на јавниот повик до јавното претставување на програмата со настапот на светската музичка ѕвезда Дејвид Гета.

    „Во јавниот повик е наведено дека Комисијата ја спроведува постапката, врши евалуација, изготвува извештај со предлог за избор на најповолен понудувач и ги оценува квалитетот, иновативноста, продукциската вредност, јавниот интерес, техничката подготвеност и финансиската оправданост. Денес, пак, се тврди дека нејзината улога била само проверка на комплетноста на документите“, наведуваат од Левица.

    Партијата дополнително посочува и на можен судир на интереси поврзан со претседателот на Комисијата, Николче Мицевски, поради неговата поврзаност со дел од програмата на прославата, вклучително и концертот на Хозе Карерас.

    Од Левица велат дека изјавите за претходни преговори околу овој проект се спротивни на тврдењата дека за време на евалуацијата не постоела информација за идниот ангажман, поради што бараат целосно расчистување на хронологијата на настаните.

    Партијата бара Владата да ја објави целокупната документација поврзана со постапката, вклучително извештајот на Комисијата, записниците од нејзината работа, евентуалните индивидуални оценки, образложенијата за критериумите, одлуката за избор и временската линија од поднесувањето на понудата до официјалната најава на програмата.

    Според Левица, само со целосна транспарентност јавноста може да добие одговор дали навистина имало детална евалуација или постапката била само формално спроведена.

    Поврзани вести:

    СДСМ прашува: Како има пари за луксуз, а нема за минимална плата од 600 евра?

    СДСМ прашува: Како има пари за луксуз, а нема за минимална плата од 600 евра?

    ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителство да ја истражи исплатата на провизиите за железницата на Коридорот 8

    ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителство да ја истражи исплатата на провизиите за железницата на Коридорот 8

    ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДСМ, прославата на независноста била законска

    ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДСМ, прославата на независноста била законска

    СДСМ: Над 5 милиони евра се потрошени за прославата на независноста, Мицкоски да објави каде завршиле парите

    СДСМ: Над 5 милиони евра се потрошени за прославата на независноста, Мицкоски да објави каде завршиле парите

    СДСМ: Граѓаните не се талог, власта мора да одговара пред народот

    СДСМ: Граѓаните не се талог, власта мора да одговара пред народот

    ВМРО-ДПМНЕ со порака до СДСМ: Ние работиме на развој, тие очајуваат

    ВМРО-ДПМНЕ со порака до СДСМ: Ние работиме на развој, тие очајуваат

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    СДСМ прашува: Како има пари за луксуз, а нема за минимална плата од 600 евра?

    12/09/2026

    ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителство да ја истражи исплатата на провизиите за железницата на Коридорот 8

    12/09/2026

    ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДСМ, прославата на независноста била законска

    11/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.