Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Левица: Муцунски да објасни што се случи со најавеното олеснување на визниот режим
    Политика

    Левица: Муцунски да објасни што се случи со најавеното олеснување на визниот режим

    03/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Левица ја повика Владата и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски да дадат објаснување за најавите околу можните промени во американската визна политика, оценувајќи дека ветувањата дадени на почетокот на годината не се реализирани.

    Од партијата потсетуваат дека Муцунски во јануари изјавил дека македонските граѓани во наредните шест месеци може да очекуваат „позитивно изненадување“ поврзано со визниот режим на САД. Според Левица, рокот веќе е изминат, а Министерството за надворешни работи и Владата досега не ја информирале јавноста за евентуален напредок.

    Во соопштението, Левица наведува дека Македонија и натаму се наоѓа на листата на земји за кои, според нивните тврдења, важат ограничувања во процесот на издавање иселенички визи за САД, оценувајќи дека надворешната политика на Владата не ги дала очекуваните резултати.

    Партијата бара министерот Муцунски да ја информира јавноста до каде е процесот на разговори со американските власти и што се случило со најавените промени.

    Од Левица додаваат дека доколку не биде дадено објаснување, тоа ќе биде потврда дека најавите биле дадени со цел да се ублажат реакциите во јавноста по одлуката на американските власти.

    Воедно, од партијата оценуваат дека министерот поставил рок кој не бил исполнет и дека во иднина треба повнимателно да дава јавни ветувања поврзани со одлуки на странски институции.

    Поврзани вести:

    Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, ЕУ треба да ги слушне аргументите на двете страни

    Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, ЕУ треба да ги слушне аргументите на двете страни

    Мицкоски се сретна со Гутереш во седиштето на Обединетите нации во Њујорк

    Мицкоски се сретна со Гутереш во седиштето на Обединетите нации во Њујорк

    Муцунски и Карен Пирс разговараа за безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан

    Муцунски и Карен Пирс разговараа за безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан

    Горан Герасимовски нов потпретседател на СДСМ

    Горан Герасимовски нов потпретседател на СДСМ

    Гаши со европратениците разговараше за реформите, транспарентноста и евроинтеграциите

    Гаши со европратениците разговараше за реформите, транспарентноста и евроинтеграциите

    ВМРО-ДПМНЕ: Јавната набавка за хотелски услуги не е поврзана со посетата на Њујорк

    ВМРО-ДПМНЕ: Јавната набавка за хотелски услуги не е поврзана со посетата на Њујорк

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, ЕУ треба да ги слушне аргументите на двете страни

    27/09/2026

    Мицкоски се сретна со Гутереш во седиштето на Обединетите нации во Њујорк

    26/09/2026

    Муцунски и Карен Пирс разговараа за безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан

    24/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.